Author: Sashko

Владата бара од Комисијата за заразни болести (КЗБ) дополнителни анализи и компаративни студии за предложените мерки, но и предлози за дополнителни мерки за поттик за масовна вакцинација. На надлежните институции им наложи да ги спроведуваат веќе донесените анти-ковид мерки, како и скрининг за утврдување на процентот на вакцинирани во јавната администрација. Во очекување на дополнителните анализи, Владата ги задолжи ресорните министерства и инспекциски служби да ги вложат сите капацитети за зајакнување на примената и контролата на спроведување на сите активни мерки за заштита од ковид-19, а особено на системот на проверка на сертификатите за вакцинација, ПЦР тестовите и потврдите за…

Read More

Седницата на Централниот одбор на СДСМ, која беше одложена во вторникот поради тридневната жалост, треба да се одржи вечер и на неа се очекува да биде разгледана оставката на претседателот на партијата, Зоран Заев. Доколку оставката биде прифатена, почнува постапка за избор на нов претседател на партијата. Според Статутот на партијата, предвиден е рок од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ. Изборите се непосредни, со тајно гласање за сите пријавени членови. Новиот претседател, како што најави самиот Заев, треба да биде и мандатар на новата влада. Во јавноста веќе кружат неофицијални имиња за иден премиер.…

Read More

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ќе биде домаќин на црногорскиот колега Алекса Бечиќ. Џафери и Бечиќ ќе остварат билатерална средба, а ќе се обратат и на регионалната конференција на тема „Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан”. Црногорската делегација, превдодена од Бечиќ, ќе има средба и со претседателката на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Црна Гора, Дафина Стојаноска и со нејзините членови.

Read More

„Алтернатива“ за вечерва во 18 часот има закажано седница на Централното претседателство на која треба му даде насока на Централното собрание на кое треба да се донесе финална одлука дали партијата ќе се приклучи кон Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозицискиот блок. Дел од пратениците на „Алтернатива“ сметаат дека доколку нивната партија донесе одлука да стане дел од Владата, услов треба да биде давањето предност на програмата на партијата, пред позициите на власта. Претседателот на партијата, Африм Гаши минатата недела имаше средба со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на која беше официјализиран предлогот „Алтернатива“, која…

Read More

Претседателите на синдикатите на машинскиот и на извршниот персонал во Железници на РСМ Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски за денеска од 7 часот најавија прекин на железничкиот сообраќај, поради неисплатен втор дел од платата за октомври. Како што изјави Чакаровски, со овој чекор всушност се реализира нивната најава за прекин на работата, доколку до 25-ти во месецот не биде исплатен вториот дел од платата за претходниот месец. Машинскиот и извршниот персонал во Железницата го прекинаа железничкиот и товарниот сообраќај и на 1 ноември, поради неисплатен втор дел од септемвриската плата. Наредниот ден по исплатата ја прекинаа блокадата, но до…

Read More

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне каде локално ќе наврнат и над 20 литри на квадратен метар. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветар од јужен до југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд од претпладневните часови. Ќе дува умерен до засилен ветар од јужен до југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени. Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи…

Read More

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави тендер за доделување на одобренија за користење на радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г. Рокот за доставување на понудите е 35 дена, а јавното отворање на понудите е закажано за 5 јануари во 10 часот. Одлуката за избор на понудувачи кои ќе учествуваат во предвидената постапка на јавно наддавање ќе се донесе во рок од седум дена од денот на јавното отворање на понудите. Право на учество на јавниот тендерот има домашно и странско физичко или правно лице кое ќе ја подигне тендерската документација и кое ги исполнува условите: во последните пет години да…

Read More

Речиси десет отсто од населението во земјава во 2018 година немало здравствено осигурување, што упатува на заклучок дека тие лица имале право на задолжителна закцинација и на итна медицинска помош на државна сметка, се вели во сеопфатниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за здравствениот систем во Македонија што беше објавен денеска со наслов „Дали луѓето можат да си дозволат да платат за здравствена заштита?“. Тоа, пак, упатува на заклучок дека издатоците на домаќинствата за лекови во аптеките учествуваат со голем дел во вкупните трошоци за здравствена заштита во земјата, што е доста повеќе во споредба со други европски држави,…

Read More

Кривична пријава против лицето С.А. (36), раководител во Центар за вработување при АВРМ, денеска поднесе Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353, став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што појаснуваат во соопштението од МВР, пријавената го сторила кривичното дело во својство на службено лице од позиција на раководител, при што во периодот од 01.01.2014 до 30.04.2017, злоупотребила и ненаменски искористила парични средства од…

Read More

Занаетчискиот сектор се соочува со многу предизвици во услови на криза поради пандемијата со ковид-19. Занаетчиите се соочуваат со намалена побарувачка на занаетчиските производи и услуги, проблеми со одржување на ликвидноста на бизнисот, недостаток на финансии за исплата на плати и придонеси за вработените, преоптовареност со парафискални давачки, како и сивата економија како нелојална конкуренција на легалниот бизнис, соопшти денеска Занаетчиската комора. Дополнителен товар за занаетчиите, како што посочуваат, претставува најавеното покачување на минималната плата што ќе придонесе и за зголемување на трошоците по основ на придонеси. Голем дел од занаетчиите и сега имаат проблем со ликвидноста и имаат проблем…

Read More

Полицијата во Куманово уапси 38-годишен маж под сомнение дека насилно влегол во црква во село Долно Коњаре и одзел пари, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера, во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ѓ. (38) од Куманово под сомнение дека истиот ден со употреба на сила влегол во црквата „Свети Спас“ во населбата Долно Коњаре и одзел пари, информираа од полицијата. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Бугарскиот претседател Румен Радев во телефонски разговор со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска изразил очекувања на Софија дека дијалогот со Северна Македонија ќе доведе до конкретни резултати, јави дописникот на МИА од Софија. Радев истакнал дека Софија е отворена за дијалог, поставила јасни прашања и очекува одговори и реални дејствија од Северна Македонија. Шефот на бугарската држава смета и дека дневниот ред на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не треба да биде подреден на надворешни влијанија, туку да се води отворено со ангажман од двете земји, што ќе го придвижува напред процесот на евроинтеграција на Северна Македонија. Како…

Read More