Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Холандија денеска почна да транспортира пациенти со ковид-19 во Германија, со цел да го ублажи притисокот врз своите болници кои се борат со порастот на нови случаи. Според холандските здравствени власти, еден од пациентите со коронавирус утрово бил префрлен со брза помош од Ротердам во болницата во Бохум, а останатите ќе бидат пренесени во текот на денот, пренесува „Ројтерс“. Бројот на пациенти со коронавирус во холандските болници достигна највисоко ниво во последните недели, а се очекува дека бројот на новозаразени ќе продолжи да се зголемува. Германските болници понудија вкупно 20 кревети за пациенти со коронавирус од Холандија. Плановите на холандската…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во петокот доби почесен црн појас во теквондо, највисоко ниво во оваа боречка вештина. „Претседателот на „Кукивон“ (Светската теквондо академија со седиште во Јужна Кореја, з.п.), Ли Донг-суп на 19 ноември на Флорида му додели почесен сертификат на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Поранешниот претседател Трамп рече „чест ми е што го добив сертификатот, мислам дека теквондото е прекрасна боречка вештина за самоодбрана. Би сакал да видам демонстрација на теквондо тимот на Кукивон“, се вели во соопштението на страницата на Академијата. Сѐ тоа привлече разни коментари на интернет-просторот. Некои луѓе го одобруваат потегот, но…
Тешката сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот „Струма“ во Бугарија во која загинаа 45 лица, освен во домашните и регионални медиуми, привлече внимание и од континенталните. Британски „Дејли Мејл“ објави за трагедијата со автобусот со македонски регистарски таблички кој се враќаше, според првичните сознанија, од екскурзија од Истанбул кон Скопје. „Десетици луѓе, меѓу кои 12 деца, изгореа до смрт, откако автобус се запали на автопат во Бугарија. Најмалку 45 лица загинаа кога автобусот, за кој се смета дека бил полн со северномакедонски туристи кои се враќале од патување во Турција, удрил во бариери и се запалил во…
Осомничениот за смртта на пет лица во американскиот град Вокеша, непосредно пред нападот бил пуштен од затвор со кауција, каде се наоѓал поради семејно насилство. Тој се товари дека со камионет намерно влетал во група луѓе и повредил над 50 лица, а претходно бил уапсен и за друг инцидент со елементи на насилство, соопштија официјални лица. Осомничениот Дарел Брукс (39) е уапсен во близина на местото на нападот во неделата во Вокеша по пет точки од обвинение за убиство од прв степен, изјави началникот на локалната полиција Даниел Томпсон. Покрај петте жртви, на возраст од 52 до 81 година, повредени…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изрази сочувство до семејствата на загинатите во автобуската сообраќајна несреќа што рано утрово се случи во Бугарија. „Нема зборови што може да ја искажат тагата во вакви моменти. Сочувство до семејствата на загинатите. Ова е голема трагедија за Македонија“, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.
Автобусот во која загинаа 45 лица на автопатот „Струма“ во Бугарија е на фирмата „Беса транс“ која е регистрирана во село Рашче, Општина Сарај, пишуваат бугарските медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стаев додаде дека македонскиот автобус синоќа во 21 часот влегол во Бугарија од граничниот премин „Капитан Андреево“. Тој патувал преку автопатот „Тракија“, а потоа преку автопатот „Струма“ до границата со Северна Македонија во правец на граничниот премин Ѓуешево. Според Стаев, сè уште се работи на утврдување на причините за пожарот во автобусот. Тој потврди дека загинале 45 македонски државјани, а 7 преживеале. Трагично е, додаде…
Над 90 кандидати, меѓу кои и две жени, се пријавиле за претседателските избори во Либија што се закажани на 24 декември, соопшти синоќа Изборната комисија, додавајќи дека наскоро ќе го објави бројот на прифатени пријави. Либиските медиуми јавија дека, меѓу другите, пријави поднеле Сеиф ел Ислам ал Гадафи, син на убиениот долгогодишен лидер Моамер ал Гадафи и Хафтар, командант на самопрогласената либиска национална армија Калифа Хафтар, поранешниот министер за внатрешни работи Фати Башаг и претседателот на привремената влада Абделхамид Дбеибах. На списокот има две жени – Лејла бин Калифа (46), претседателка на партијата Национално движење и Хунаида ал Махди, истражувач…
Американскиот Стејт департмент ги предупреди Американците да не патуваат во Германија поради актуелното забрзано ширење на коронавирусот во земјата. Предупредувањето на Стејт департментот против патување во Германија е на ниво 4 и поврзано е со најновата проценка на ситуацијата од страна на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Избегнувајте патување во Германија. Доколку треба да одите таму, задолжително бидете целосно вакцинирани пред патувањето, предупредува ЦДЦ и додава дека „поради моментната ситуација во Германија, дури и целосно вакцинираните луѓе може да бидат изложени на ризик да добијат и пошироки варијанти на ковид-19“. Германија се соочува со зголемување на…
Американскиот претседател Џо Бајден планира да се кандидира за нов мандат на претседателските избори во 2024 година, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. Да, тоа е неговата намера, рече Псаки на новинарите. Популарноста на Џо Бајден (79) опадна во последните месеци, што ги натера некои демократи да се запрашаат дали тој ќе се кандидира на следните претседателски избори, коментираат светските агенции. Според најновата анкета на Универзитетот Квинипијак, работата на претседателот Бајден ја поддржуваат само 36 отсто од Американците, што е најнизок процент досега во анкетите за Бајден, наведува „Си-Ен-Ен“. Најлошиот рејтинг на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, беше 37 отсто во јануари во…
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ денеска објави дека нејзината вакцина против ковид-19 давала силен имунолошки одговор против болеста за време на истражувањето кај деца на возраст од 12 до 15 години. Британските медиуми, пренесувајќи го ставот на компанијата, наведуваат дека две дози од вакцината на „Фајзер“ се 100 отсто ефикасни против ковид-19, врз основа на мерења што се направени четири месеци по примањето на втората доза. „Фајзер“ планира, по анализата на долгорочните податоци, да аплицира за целосно одобрување на вакцината за оваа возрасна група во САД и ширум светот. „Фајзер“ и „Бајонтек“ ќе бараат одобрение за доза од 30 микрограми, за…
Грешка на возачот или техничка неисправност на автобусот, се наведуваат како првични можни причини за несреќата во која рано утрово загинаа најмалку 46 лица, а седум се повредени, изјави директорот на бугарската националната истражна служба, Борислав Сарафов. Тој информира дека во опожарениот автобус имало 52 патници од кои 12 се деца. Првичните информации говорат дека нема бугарски државјани. Меѓу загинатите е и возачот на автобусот. Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков, кој заедно за премиерот Стефан Јанев се на местото на автобската несреќа, изјави дека причината детално ќе се разјасни во текот на истрагата Сликата е ужасна и не…
Бугарскиот претседател Румен Радев изрази сочувство до претседателот Стево Пендаровски за тешката сообраќајна несреќа на автобус со македонски регистарски таблички на автопатот „Струма“ при што загинаа 46 лица. Во име на бугарскиот народ и во свое лично име, изразувам искрено сочувство до семејствата и роднините на загинатите граѓани на Република Северна Македонија, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите од катастрофата. Во ова тешко време, Бугарија и Република Северна Македонија делат заедничка тага, солидарност и емпатија. Десетиците изгубени животи се непростлива загуба за нашите братски земји, наведува Румен Радев. Шефот на бугарската држава ги повика одговорните институции да ги…