Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Дејли мејл“ за автобуската несреќа во Бугарија: Десетици луѓе, меѓу кои и 12 деца, изгореа до смрт

0
By Sashko on November 23, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: dailymail.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 23, 2021 11:45

Тешката сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот „Струма“ во Бугарија во која загинаа 45 лица, освен во домашните и регионални медиуми, привлече внимание и од континенталните. Британски „Дејли Мејл“ објави за трагедијата со автобусот со македонски регистарски таблички кој се враќаше, според првичните сознанија, од екскурзија од Истанбул кон Скопје.

„Десетици луѓе, меѓу кои 12 деца, изгореа до смрт, откако автобус се запали на автопат во Бугарија. Најмалку 45 лица загинаа кога автобусот, за кој се смета дека бил полн со северномакедонски туристи кои се враќале од патување во Турција, удрил во бариери и се запалил во вторникот околу 2 часот по полноќ. Подоцна беше потврдено од премиерот на Северна Македонија дека една жртва има српско, а друга има белгиско државјанство. Седум лица се извлечени живи од автобусот, меѓу кои и едно 16-годишно девојче, и се пренесени во болница во главниот град Софија со повреди што не се опасни по живот. Министерот за внатрешни работи Бојко Рашков, кој го посети местото на настанот во раните утрински часови, рече дека телата на загинатите биле „целосно изгорени“ од интензитетот на пожарот“, пренесува „Дејли мејл“. 

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стаев додаде дека македонскиот автобус синоќа во 21 часот влегол во Бугарија од граничниот премин „Капитан Андреево“. Тој патувал преку автопатот „Тракија“, а потоа преку автопатот „Струма“ до границата со Северна Македонија во правец на граничниот премин Ѓуешево. Според Стаев, сè уште се работи на утврдување на причините за пожарот во автобусот.

Тој потврди дека загинале 45 македонски државјани, а 7 преживеале. Трагично е, додаде Стаев, што меѓу загинатите има и деца, дури и двајца близнаци близнаци. Преживеале две жени и двајца мажи кои се пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија.

Засега ништо не може да се каже за причините, немало друг учесник во несреќата, а заштитните огради го чувале автобусот да не излета од делницата. Случајот го истражува Националната истражна служба поради големиот број жртви. Утврден е идентитетот на сите патници кои поминале гранична контрола при влез во Бугарија.

„Дејли Мејл“ автобус Бугарија Македонија медиуми несреќа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.