Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Во последните 24 часа се регистрирани нови 493 случаи на ковид-19 од направени 2.911 тестирања, починале 17 лица, а оздравени се 532 пациенти, информира Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од новите случаи, во Скопје се 200, во Битола – 53, во Куманово, во Велес и во Прилеп – по 23, во Кавадарци – 20, во Кочани – 19, во Штип – 17, во Тетово – 13, во Делчево – 12, во Гевгелија и во Неготино – по 10, во Демир Хисар – осум, во Струмица – седум, во Берово и во Богданци -…
Четворица луѓе загинаа и уште толку се повредени при експлозија во фабрика за оружје што се случи денеска во Романија, јавија тамошните медиуми. Несреќата, што се случи во малото гратче Бабени на романскиот југ, била предизвикана од противпешадиска мина, пренесува АП.
До пред десет години не можеше да се замисли дека владините седници ќе се одржуваат онлајн, но пандемијата го покажа спротивното. И тоа како може да се функционира дигитално. Јавната администрација е подготвена, но не сум сигурен за останатите чинители во општеството и зошто одбиваат да одат онлајн, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на денешниот прв панел во рамки на 10. Самит на „Мекдонија2025“. Според Битиќи, дигитализацијата ќе биде една од капиталните инвестиции што се проектирани во Буџетот, а бенефитите допрва ќе се почувствуваат. Земјава, потенцира Битиќи, ќе биде пионер – прва во Југоисточна Европа, па и во…
Сите мигранти ги напуштиле двата кампа во близина на границата меѓу Белорусија и Полска, јави денеска белоруската новинска агенција „Белта“. Според агенцијата, зад мигрантите останале шатори, фрлена облека и запалени огнови. Известувач на агенцијата ТАСС јави дека над 500 мигранти го напуштиле импровизираниот камп недалеку од транспортно-логистичкиот центар „Брузги“, а останале 300 до 400 од вкупно 2.000 колку што дошле пред 11 дена. Белоруски граничари во групи од 70 до 100 луѓе ги придружувале до транспортно-логистичкиот центар, оддалечен на еден и пол километар од границата. На границите на Белорусија со Полска и со балтичките земји од летово е зголемен приливот…
Познатата текстилна конфекција „Вабо“ од Штип од 1 јануари ќе мине во раце на работниците во чие име ќе раководат Тања Николова, дипломиран технолог со долгогодишен работен стаж во компанијата и Дарко Роглев, референт по извоз. Мојата одлука ја кажав на вчерашниот состанок со работниците на кој воедно ги претставив Николова и Роглев. Фабриката ја дадов на користење на работниците, вклучувајќи ја и целата опрема за што во првата година ќе бидат ослободени од плаќање на надоместок, а од втората година ќе плаќаат минимална кирија за 1.250 метри квадратни производствен простор под услов конфекцијата да работи со добивка, во што…
Легендарниот напаѓач Самуел Ето (40) денеска поднесе официјална кандидатура за претседател на Камерунската фудбалска федерација. Тој пред новинаритe изјави оти е убеден во победа и покрај матните зделки и корупцијата на неговите противници. Актуелниот претседател Мбомбо Нјоја беше е на чело на Камерунската фудбалска федерација од 2018 година, но неговиот избор на почетокот на оваа година го поништи Меѓународната спортска арбитража (CAS). Актуелното раководство му понуди потпретседателско место на Ето, но тој одби, истакнувајќи оти е дојдено време за обнова на камерунскиот фудбал. Претседателските избори се закажани за 11 декември, а Камерун од 9 јануари до 6 февруари идната година ќе биде домаќин на…
Под мотото „ЕУиТИ – Заедно можеме” низ целиот регион на Западен Балкан, започна новата кампања на Европската Унија (ЕУ) која има за цел да ги истакне можностите и приоритетните проекти што ќе се реализираат во регионот, како дел од Економскиот и инвестициски план (ЕИП) на ЕУ. Како што соопштија организаторите, ЕИП издвојува речиси 30 милијарди евра за финансирање и инвестиции во областите на зелена и дигитална транзиција, поврзаност и раст. Овoј исклучителен вид на поддршка има за цел да му помогне на регионот да зајакне по пандемијата и да отвори можности за иден раст, како и да го доближи Западниот Балкан до ЕУ. Вклучени…
Односите меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати можат да се оценат како одлични. Имаме потенцијал за соработка од политички, од економски, од социјален, од културен, од сите аспекти и препорака е тоа да се интензивира. Парламентите се ослободени од премногу процедури и затоа е полесно да се воспостави таа парламентарна соработка и да отвори пат за другите институции, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој престојува во официјална посета на ОАЕ. Оваа посета, додава тој, се совпаѓа со 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Обединетите Арапски Емирати, но за жал во овој период не e дадено на…
Министерството за здравство (МЗ) реагира на соопштението на Конфедерацијата на синдикати во кое се тврди дека мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести се „присилна вакцинација“. Вработените кои ги опфаќаат новите мерки имаат избор да приложуваат и негативен тест еднаш неделно, доколку одлучат да не се вакцинираат, а сите оние кои имаат здравствени проблеми заради кои не може да се вакцинираат, не се присилени да го направат тоа. Истите мерки кои ги предлагаме се веќе воведени во многу земји во Европа и регионот, како на пример во Словенија, во Хрватска и во Грција, каде одамна се во сила. Во…
Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Ѓорче Петров и Карпош. Од 9 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улица „Браќа Галеви“ во Oпштина Ѓорче Петров, а од 9 до 14 часот корисниците на дел од улица „Франц Месеснел“ во Oпштина Карпош, информираат од ЕВН.
АД ЕСМ ги демантира написите во дел од медиумите за наводна експлозија во ХЕЦ „Вруток“. Станува збор, како што појаснија од ЕСМ, за краток, петнаесетминутен прекин, во работата на хидроцентралата заради осигурувач на вод кон гостиварските села. Хидроелектраната и целиот Хидросистем Маврово продолжуваат да работат најнормално. Вакви и слични појави во работата на инсталациите се случуваат многу често и не се никаква непознаница. Заради тоа, ги оценуваме како тенденциозни написите за експлозија во ХЕЦ Вруток објавени во медиумите, без претходно да се провери информацијата, повикувајќи се на неименувани извори. Објавувањето на непроверени и лажни информации го доживуваме како атак врз…
Нови 476 случаи на ковид-19, девет починати пациенти и 279 оздравени лица се регистрирани во последните 24 часа, информира Министерството за здравство (МЗ), повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од новорегистрираните 476 случаи, од Скопје се 208, од Битола – 45, од Велес – 29, од Прилеп – 22, од Куманово – 21, од Кавадарци – 18, од Охрид, од Кочани и од Гевгелија – по 13, од Штип – 11, од Делчево – осум, од Берово – седум, од Струмица, од Неготино и од Радовиш – по шест, од Тетово, од Свети Николе, од Крива…