Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Ѓорче Петров и Карпош.

Од 9 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улица „Браќа Галеви“ во Oпштина Ѓорче Петров, а од 9 до 14 часот корисниците на дел од улица „Франц Месеснел“ во Oпштина Карпош, информираат од ЕВН.