Четворица луѓе загинаа и уште толку се повредени при експлозија во фабрика за оружје што се случи денеска во Романија, јавија тамошните медиуми.

Несреќата, што се случи во малото гратче Бабени на романскиот југ, била предизвикана од противпешадиска мина, пренесува АП.