Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Талибанците почнаа акција против засолништа на Исламска Држава (ИД) во јужен Авганистан, соопштија официјални лица денеска по зголемените крвави напади на групата во последните недели. Операцијата против ИД-К почна околу полноќ во најмалку четири области на провинцијата Кандахар и продолжи утрото, изјави началникот на провинциската полиција на талибанците, Абдул Гафар Мохамади. Локалните медиуми цитираа талибански официјален претставник кој рекол дека имало и експлозија во западно предградие на Кабул денеска наутро, но нема жртви. За три месеци откако талибанците дојдоа на власт, ИД-К е активна во Џалалабад, во Кундуз, во Кандахар и во Кабул. Минатиот месец групата ја презеде одговорноста за…
Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, од денеска до 17 ноември ќе престојува во прва официјална посета на Обединетите Арапски Емирати. Посетата на Џафери се совпаѓа со 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, каде започнаа и подговките за одбележување на 50-годишнината од основањето на државата. За време на посетата на Џафери предвидени се средби со домаќинот, Сагар Ал-Гобаш, спикер на Федералниот национален совет и со други високи претставници од Владата на ОАЕ. Во состав на собраниската делегација, која ја предводи претседателот на Парламентот, се и претседателот на Пратеничката група за соработка на Собранието…
Блок 2 на РЕК Битола од ноќеска во 2:45 часот е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија. Производството на електрична енергија од комбинатот продолжува непречено и од Блок 1, соопшти АД ЕСМ. На депонијата за јаглен во РЕК Битола во моментот има доволно јаглен за континуирано производство на електрична енергија за потребите на домаќинствата, а количините се надополнуваат и се зголемуваат во континуитет. Стручниот тим составен од вработени во РЕК Битола и во енергетските компании во земјава продолжува со напорите за оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот од пред десет дена, информираат од…
Поради изведување на градежни работи (минирање) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, ќе има прекин во сообраќајот од 10 до 15 минути во периодот меѓу 12 и 15 часот, соопшти ЈП „Македонијапат“. Од АМСМ, пак, информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата…
Во Собранието денеска треба да почне расправа по Предлог-буџетот за 2022 година. Според објавата на веб страницата на Собранието, Предлог-буџетот е ставен на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет закажана во 11 часот, а потоа треба да биде разгледан и на Законодавно-правната комисија. Вкупните расходи се планирани на ниво од 272,4 милијарди денари или 32 проценти од БДП, а приходите на 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Вкупните приходи се за 7,4 проценти повисоки од 2021 година, а кај расходите има зголемување за 1,4 проценти во споредба со расходите во 2021 година, но тие се…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел во чии рамки, на покана на претседавачот со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, неговиот грчки колега Никос Дендијас, ќе учествува на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ПСЈИЕ. Како што соопшти МНР, на маргините на министерскиот состанок, Османи ќе има одвоена билатерална средба со министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев. Програмата на посетата на Османи предвидува и учество на дебата „Дискусија за иднината на Европа – перспективи и придонеси од Западен Балкан“. Настанот е инициран од Османи…
Министерството за одбрана и генералштабот на Армијата денеска ќе ја одржат финалната конференција на групата за воена интеграција на Северна Македонија во НАТО. На конференцијата ќе се обратат министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин и претседавачот на работната група за воена интеграција, полковникот Франческо Пачиљо, Со финалната конференцијата се заокружува процесот на воено интегрирање на Северна Македонија во командните структури, како и структурата на силите на НАТО, кое, како што информираат од Министерството за одбрана, формално ќе се означи со потпишување на заедничката декларација која ќе се реализира на 16 ноември 2021 година…
Повик за проширување на парламентарното мнозинство за европска иднина на земјава, обелоденување на случај за нелегално финансирање на политичка партија, но и повик до институциите да извршат увид во наводното нелегално финансирање, го одбележаа вчерашниот ден на партиско ниво. Позитивни вести испрати швајцарската компанија за управување со ризици „Глобал Риск Профајл“ (ГРП), чија студија ја издвои Република Северна Македонија како најмалку корумпирана од земјите во Западен Балкан. Според ГРП, земјава се наоѓа на 85-то место на листата, со индекс на корупција од 43,56 поени, пред Црна Гора на 89-то и Србија на 92-то место. Косово е на 122-та позиција, Албанија на…
За влез во објектите од денеска e потребен сертификат со примени две дози на вакцина или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување. Министерството за здравство (МЗ) апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките, да бидат одговорни и да се вакцинираат. Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот, соопштија вчера од МЗ, откако објавија за новите измени за влез во објекти. Министерот за здравство, Венко Филипче во петокот изјави дека засега нема да има препорака за нови…
Од денеска стапува на сила задолжителното поседување на зимска опрема што ќе трае до 15 март, согласно утврдените одредби во Правилникот за задолжителна опрема на возило, велосипед и запрежно возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи. Согласно Правилникот, како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), како дел од зимската опрема на моторните возила со најголема дозволена маса што не надминува 3.500 килограми, возачите треба да поседуваат зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и ширина од четири…
Кирил Петков, копретседател на коалицијата „Промената продолжува“ која победи на парламентарните избори во Бугарија, во интервју за БНТ коментира дека неговата партија има категоричен став за тоа што треба да се направи во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Според него, треба да се формираат работни групи од двете земји во кои, како што нагласи, треба да бидат вклучени не само историчари, туку и луѓе од бизнисот, од културата и од образованието. Работните групи нема да разговараат само за историјата, туку и за сè што може да ги поправи добрососедски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Петков кажа дека не…
Денеска во земјава ќе преовладува облачно и ветровито време. Во утринските часови ќе има магла по одделни котлини, а преку ден во западните и југозападните делови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени, а максималната од 13 до 18 степени. Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност, а преку денот со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне 15 степени. Во следните денови, во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за…