Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2022 година

0
By Sashko on November 15, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 15, 2021 08:25

Во Собранието денеска треба да почне расправа по Предлог-буџетот за 2022 година. Според објавата на веб страницата на Собранието, Предлог-буџетот е ставен на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет закажана во 11 часот, а потоа треба да биде разгледан и на Законодавно-правната комисија.

Вкупните расходи се планирани на ниво од 272,4 милијарди денари или 32 проценти од БДП, а приходите на 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Вкупните приходи се за 7,4 проценти повисоки од 2021 година, а кај расходите има зголемување за 1,4 проценти во споредба со расходите во 2021 година, но тие се пониски како процент од БДП споредено со 2021 година.

Капиталните инвестиции за 2022 година се планирани на ниво од 37,8 милијарди денари и за првпат се повисоки од буџетскиот дефицит кој е проектиран на ниво од 33,5 милијари денари или 4,3 проценти од БДП. Стапката на инфлација е проектирана на ниво од 2,4 проценти.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими во интервју за МИА, порача дека е важно буџетот да биде донесен навреме затоа што со него се обезбедува непречено финансирање на функциите на државата, силна финансиска поддршка за економско заздравување и забрзан, инклузивен и одржлив економски развој.

Значајно е да подвлечам дека преку Буџетот се обезбедува и навремена исплата на плати, на пензии, на социјални надоместоци, на субвенции, се обезбедува реализација на капитални инвестиции, кои за 2022 година се планирани на ниво од 37,8 милијарди денари и се повисоки од буџетскиот дефицит. На тој начин се почитува златното правило во јавните финансии, односно планирани се повеќе средства за финансирање на инвестициските проекти, од предвиденото задолжување, истакна Бесими во интервјуто.

Според него, Предлог-буџетот по сите карактеристики е развоен што се гледа и преку проектираниот историски највисок износ на капитални инвестиции во вкупните расходи од 14 проценти. Уште позначајно, како што посочува, е што тие се проектирани на износ кој е повисок од буџетскиот дефицит.

На ваков чекор, како што појаснува, се одлучиле затоа што Владата е фокусирана на остварување на повисок економски раст и подобар квалитет на живот на граѓаните.

За ова да се постигне, јасно е дека мора да има повисоки капитални инвестиции, но тие треба да бидат во клучни инфраструктурни области кои ќе генерираат раст, вели Бесими.

Подготовката и донесувањето на буџетот е пропишано со закон и во него се наведени прецизни рокови според кои треба да се постапи. Согласно тие рокови, буџетот од страна на Собранието треба да се донесе најдоцна до крајот на годината.

буџет Македонија расправа Собрание Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.