Author: Sashko

Двоен стрелец за македонскиот национален тим беше фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас во 65-та минута и во 87-та минута, третиот погодок за „црвено-жолтите“, прв во натпреварот, беше дело на Езгјан Алиоски во седмата минута. Единствениот, пак, Исланѓаните го постигна Торстеинсон во 54-та минута. Гостите го завршија настапот во Скопје со играч помалку на теренот по исклучувањето на Јоханесон во 79-та минута. Македонија во март в година ќе игра бараж двомеч за Светското фудбалско првенство во 2022 година чиј домаќин е Катар. „Црвено-жолтите“ вечерва на арената „Тоше Проески“ во Скопје го совладаа Исланд со 3:1 и на крајот остана на второто…

Read More

Австрија планира наскоро да воведе нови строги мерки кои директно ќе важат само за невакцинираните жители. Тие би можеле да завршат во строго заклучување за неколку дена, а судејќи според сегашните бројки станува збор за околу 3,1 милиони жители. Имено, новиот австриски канцелар Александар Шаленберг изјави дека бројот на вакцинирани во земјата е „срамно низок“ и дека мора итно да се преземе нешто на овој план. Не гледам зошто вакцинираните би ја изгубиле својата слобода само затоа што третина одбиваат да бидат вакцинирани, вели тој. Да потсетиме, Австрија во септември годинава усвои нов план врз основа на кој мерките се…

Read More

Млада припадничка на француските воени сили обвини свој колега за силување во претседателската палата во Париз, јавуваат денеска француските медиуми. Настанот се случи во јули во 2021 година, а француската претседателска палата до сега го чуваше случајот во тајност. Младата припадничка на воените сили, наводно, била силувана од војник во Елисејската палата на 1 јули, кога во присуство на шефот на државата била организирана проштална забава за тројца соработници на претседателот Емануел Макрон. По неговото заминување во 22 часот, ситуацијата почнала да се „вжештува“, наведува парискиот „Либерасион“. По официјалната церемонија во паркот, забавата продолжила во исклучително безбедни простории во кои…

Read More

Во последните 24 часа, во Србија од коронавирус, починале 60 лица, а регистрирани се 3.998 нови случаи на зараза од 15.175 тестирани лица, соопшти денеска Министерството за здравство. Во болниците моментно има 6.581 лице од кои 281 се приклучени на респиратор. Од почетокот на пандемијата досега се регистрирани 1.201.080 милиони случаи на зарази во земјата, а починаа 10.655 лица. 

Read More

Одборот на директори на „Тошиба“ го одобри планот за поделба на легендарниот јапонски конгломерат на три компании, како што соопшти денеска, по тензиите со акционерите и контроверзната понуда за преземање. Соопштението ја потврдува веста од почетокот на неделата, која вели дека менаџментот е под притисок на акционерите да ја максимизира вредноста на компанијата со поделба на нејзините компании. Предлогот има за цел да одвои две компании од другите операции на „Тошиба“, едната фокусирана на инфраструктурата, а другата на уредите. Овој потег се очекува да трае две години, со цел двете нови компании да излезат на берзата, соопшти „Тошиба“. Разделувањето овозможува…

Read More

Австрискиот министер за здравство, Волфганг Микштајн препорача повторно враќање на работа од дома поради зголемениот број на заразени со коронавирусот во земјата. Микштајн за дневниот весник „Клајн цајтунг“ изјави дека сега е важно да се ограничат контактите што е можно повеќе, па затоа смета дека и покрај сегашните „3G“ правила за работното место, кои дозволуваат само вакцинирани, излечени од ковид19 или негативно тестирани, најдобро е сите деловни активности да се пренасочат кон домот. Препорачувам работа од дома каде што е можно, рече тој. Австрискиот парламент треба да усвои финансиски стимулации за работа од дома. Од идната година би требало да…

Read More

Во Русија се потврдени 40.123 нови случаи на коронавирус за последните 24 часа, а вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата достигна 8.992.595 милиони лица, објави Кризниот центар за сузбивање на коронавирусот. Од коронавирус во изминатото деноноќие починаа уште 1.235 лица, а вкупниот број на смртни случаи во земјата сега изнесува 252.926, јавуваат руските агенции.

Read More

Данските власти размислуваат за усвојување на брз закон кој ќе овозможи воведување на задолжителни дигитални „пропусници за ковид“ за вработените како најнова мерка за борба против третиот бран на инфекции. За да влезат во затворени барови и ресторани, Данците мора да покажат потврда за вакцинација, негативен тест или дека го прележале вирусот. Според новиот закон, кој денеска начелно го договорија владата, синдикатите и здруженијата на вработени, работодавачите можат да бараат од работниците да покажат пропусница, иако тие ја немаат таа обврска, пренесува „Ројтерс“. Доколку договорот прерасне во закон како што се очекува следната недела, Данска ќе се приклучи на сè…

Read More

Германија од утре повторно ќе воведе бесплатни тестови за коронавирусот, изјави вршителот на должност министер за здравство, Јенс Шпан. Лекарите од вторник ќе добијат повисоки давачки за вакцинација против ковид-19, објави Шпан, пренесува „Ројтерс“. Тој порача дека Австрија од недела ќе се смета за зона со висок ризик. Оваа класификација значи дека луѓето кои доаѓаат од таа земја ќе мора да бидат ставени во карантин, освен ако не се ревакцинирани или не се опоравиле од ковид-19.

Read More

Чешка во четвртокот забележа 10.395 нови случаи на ковид-19 и по третпат оваа недела го надмина прагот од 10.000 случаи на дневно ниво, покажаа денеска податоците на Министерството за здравство. Бројот на хоспитализирани пациенти поради коронавирусот се намали на 3.557 од кои 542 се наоѓаат во тешка состојба, објави „Ројтерс“. Чешката Република има 10,7 милиони жители.

Read More

Холандија ќе биде првата западноевропска земја што ќе воведе делумно заклучување од летото, па рестриктивните мерки ќе стапат на сила претстојниот викенд, објави денеска холандскиот јавен сервис НОС. Кафулињата, рестораните и продавниците за непрехранбени производи ќе мора да затворат до 19 часот најмалку три недели, почнувајќи од утре, соопшти ИСО, цитирајќи владини извори. Луѓето ќе бидат повикани да работат од дома колку што можат, а гледачи ќе нема на спортските настани во наредните недели, додаде „Ројтерс“. Училиштата, кината и театрите ќе останат отворени. Привремената влада на премиерот Марк Руте до вечерва ќе донесе одлука за нови мерки и ќе ја…

Read More

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 6.449 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што бројот на активни случаи во земјата изнесува вкупно 39.846. За тој период се пријавени и нови 53 починати лица или 13 помалку од вчера рекордните 66.  Од активните носители на коронавирусот, 2.086 пациенти се наоѓаат во болница од кои 251 се приклучени на респиратор. Од 25 февруари во 2020 година кога беше забележан првиот случај на зараза во Хрватска, досега во земјата се регистрирани вкупно 528.286 заразени со ковид-19, починаа 9.774 и оздравеа 478.666.

Read More