Австрија планира наскоро да воведе нови строги мерки кои директно ќе важат само за невакцинираните жители. Тие би можеле да завршат во строго заклучување за неколку дена, а судејќи според сегашните бројки станува збор за околу 3,1 милиони жители.

Имено, новиот австриски канцелар Александар Шаленберг изјави дека бројот на вакцинирани во земјата е „срамно низок“ и дека мора итно да се преземе нешто на овој план.

Не гледам зошто вакцинираните би ја изгубиле својата слобода само затоа што третина одбиваат да бидат вакцинирани, вели тој.

Да потсетиме, Австрија во септември годинава усвои нов план врз основа на кој мерките се зајакнуваат во зависност од тоа колку кревети се пополнети во одделенијата за интензивна нега.