Во последните 24 часа, во Србија од коронавирус, починале 60 лица, а регистрирани се 3.998 нови случаи на зараза од 15.175 тестирани лица, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во болниците моментно има 6.581 лице од кои 281 се приклучени на респиратор. Од почетокот на пандемијата досега се регистрирани 1.201.080 милиони случаи на зарази во земјата, а починаа 10.655 лица.