Германија од утре повторно ќе воведе бесплатни тестови за коронавирусот, изјави вршителот на должност министер за здравство, Јенс Шпан.

Лекарите од вторник ќе добијат повисоки давачки за вакцинација против ковид-19, објави Шпан, пренесува „Ројтерс“.

Тој порача дека Австрија од недела ќе се смета за зона со висок ризик. Оваа класификација значи дека луѓето кои доаѓаат од таа земја ќе мора да бидат ставени во карантин, освен ако не се ревакцинирани или не се опоравиле од ковид-19.