Во Русија се потврдени 40.123 нови случаи на коронавирус за последните 24 часа, а вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата достигна 8.992.595 милиони лица, објави Кризниот центар за сузбивање на коронавирусот.

Од коронавирус во изминатото деноноќие починаа уште 1.235 лица, а вкупниот број на смртни случаи во земјата сега изнесува 252.926, јавуваат руските агенции.