Author: Sashko

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за двата последни натпревара од квалификациите за Светското првенство 2022 против Ерменија (11 ноември) и Исланд (14 ноември). Играчот од средниот ред, Елиф Елмас најави игра на победа во Ерменија. Подготовките се одвиваат одлично. Иако не зависи сè од нас, одиме во Ерменија да победиме. Имаме теоретски шанси и до крај ќе се бориме за второто место. Треба да бидеме паметни и со многу жар во играта да покажеме дека сакаме да победиме. Романија може да згреши, па со две победи ни се отвора пат до баражот. Досега покажавме дека можеме да се „носиме“…

Read More

Папата Франциск денеска го осуди нападот со беспилотно летало врз резиденцијата на ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими како „подмолен терористички чин“. Ал Кадими не беше повреден кога во неделата врз неговиот дом во Багдад беа лансирани три дрона со експлозив. Неколку негови телохранители беа повредени. Ватикан соопшти дека државниот секретар на Ватикан испратил порака до премиерот во име на папата Франциск кој во март го посети Ирак. „Осудувајќи го овој подмолен чин на тероризам, Неговата Светост уште еднаш го изразува своето уверување дека со благослов на Севишниот Бог, на ирачкиот народ ќе му се потврди мудроста и силата да го води патот…

Read More

Непознат напаѓач рани полицаец на улица во Осло, а како што соопшти тамошната полиција, пред да тргне во акција извикал „Алах е голем“. Улиците на главниот град на Норвешка набрзо беа блокирани поради закана кон луѓето. Полицијата соопшти дека патролно возило во населбата Бислет, во северниот дел на Осло, влегло во зграда за да го пресретне и запре напаѓачот. По ранување на еден полицаец, напаѓачот скокнал врз полициско возило и успеал да отвори оган. Ayer fue en Cannes (Francia) y hoy es en Oslo (Noruega) donde un policía es atacado con arma blanca por un individuo al grito de “Alá…

Read More

Замотани во ќебиња и фолии, мигранти минаа цела ноќ во шума во граничното подрачје меѓу Белорусија и Полска, а четири лица починаа од смрзнување, со оглед на ниските температури. Тие, буквално, секој ден ја минуваат границата меѓу двете земји од кои се протерувани од полицијата. Нивна желба е да влезат во Европската Унија, поточно во Германија. Додека белорускиот претседател Александар Лукашенко е води војна со Европската Унија, а членките на ЕУ силно ги осудуваат неговите постапки, илјадници луѓе се незаштитени и препуштени на милост и немилост на граничната полиција. Напнатата ситуација на границата меѓу Белорусија и Полска ескалира во текот…

Read More

Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани нови 4.966 случаи на ковид-19, па вкупниот број на активни носители на вирусот во земјата во моментот изнесува 30.381. Меѓу нив се и 1.952 пациенти на болничко лекување од кои 253 се приклучени на респиратор. За изминатото деноноќие се пријавени и нови 59 смртни случаи што претставува најголем број на починати во земјата во четвртиот бран на инфекцијата. Седумнаесет од пациентите биле вакцинирани со две дози на вакцина, а еден со една доза. Бројот на лица во самоизолација во моментот е 22.408, вкупно оздравеле 467.549 пациенти од кои 3.791 во последните 24…

Read More

Бројот на починати од ковид-19 во Русија се зголеми за 1.211 во последните 24 часа, во споредба со 1.190 во понеделникот, што е најнов „црн“ рекорд од почетокот на пандемијата. Од почетокот на пандемијата, досега починале вкупно 249.215 пациенти од ковид-19, покажуваат податоците на Рускиот кризен центар за борба против коронавирусот. Русија по последните 24 часа регистрира 39.160 новозаразени со коронавирусот, што е најмал број во изминатата недела. Така, вкупниот број на заразени со ковид-19 од почетокот на пандемијата достигна 8.873.655 случаи, соопшти Кризниот центар за борба против коронавирусот.

Read More

Европската унија преговара со „Merck&Co“ и со „Фајзер“ за купување на нивните експериментални лекови против ковид-19, изјави претставник на ЕУ за „Ројтерс“, додавајќи дека преговорите со „Мерк“ се навлезени во напредна фаза. Двете американски фармацевтски компании развија антивирусни таблети за кои тестовите покажаа ветувачка ефикасност за лекување на возрасните кои се изложени на ризик за потешки форми на ковид-19. Стапката на ефикасност на пилулата на „Фајзер“, според направените испитувања, е 89 отсто, а на „Мерк“ околу 50. „Во контакт сме со двете компании“, изјави претставник на ЕУ за британската агенција, кој сакаше да остане анонимен, бидејќи преговорите се доверливи. Преговорите…

Read More

Белоруските власти денеска ја предупредија Полска да не „користи провокации“ на границата, каде неколку илјади мигранти чекаат да влезат на територијата на Европската Унија (ЕУ) додека се распоредени полски војници. Минск и Варшава веќе неколку недели водат спор околу мигрантското прашање, додека ЕУ го обвини белорускиот претседател Александар Лукашенко дека организирал бран мигранти, главно од Блискиот Исток, како одговор на санкциите на ЕУ кон Белорусија поради репресијата врз опозициските демонстранти. Белоруските власти денеска ги отфрлија тие обвинувања и ја предупредија полската страна да не користи провокации за да ги „оправда можните незаконски воинствени дејствија“ против мигрантите. Минск ги оцени како „неодржливи“ обидите на Полска…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама изјави оти во моментот не е загрижен за ситуацијата на Западен Балкан, бидејќи смета дека работите не се дојдени до таа точка, но нагласува дека сите политички фактори во регионот, но и надвор од него во ЕУ мора да бидат внимателни. Во интервју за печатеното издание на грчкиот весник „Неа“ рече дека не треба да се потценат „симптомите од тој тип“. Запрашан колку далеку се отиде со иницијативата „Отворен Балкан“ и дали на неодамнешните состаноци во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ и со македонскиот вицепремиер Никола Димитров се разговарало за ситуацијата во регионот, Рама одговори…

Read More

Кинески град на границата со Русија понуди награда од 100.000 јуани (околу 13.500 евра) за информации за потеклото на локалната епидемија на коронавирусот. Земјата во која коронавирусот за првпат се појави пред, речиси, две години, во голема мера ја контролира инфекцијата со радикални мерки, како што се затворање на границите и вакцинирање. Здравствените здравствени власти на Кина се соочуваат со спорадични жаришта на заразата, особено на север и тоа од крајот на октомври и одлучно реагираат со цел да се запре ширењето на епидемијата во пресрет на Олимписките игри закажани за февруари. Во тој контекст, градот Хеихе, одделен од Русија со реката…

Read More

Пакистанските власти објавија едномесечен прекин на огнот со пакистанските талибанци, главната вооружена група која стои зад бројните напади врз безбедносните сили и цивилите во последните 14 години. Владиниот портпарол Фавад Чаудри објави на Твитер дека талибанската Влада во Авганистан помогнала да се постигне договор за прекин на огнот меѓу премиерот Имран Кан и пакистанските бунтовници од „Техрек-е-Талибан Пакистан“ (ТТП). Портпаролот на ТТП, Мухамед Курасани, потврди дека прекинот на огнот ќе биде во сила од 9 ноември до 9 декември, при што двете страни ќе формираат Комитет за продолжување на преговорите. Тој рече дека двете страни ќе го почитуваат примирјето. Договорот беше…

Read More

Од февруари до денеска се уапсени седум сајбер-криминалци поврзани со хакерската група „Ревил“, поради неколку илјади опасни сајбер-напади, соопшти Европол. Осомничените, од кои двајца биле приведени од романските власти на 4 ноември, се уапсени во рамки на операцијата „Златна прашина“, во која учествуваа Европол, Европравда и Интерпол, се вели во соопштението. Групата „Ревил“ минатиот месец беше принудена да се повлече од мрежата по координирана операција на САД и 16 други земји. Осомничените, наводно, изнудиле речиси 600 милиони долари од различни компании за да ги обноват нивните компјутерски системи откако ги хакирале. Ниту еден од уапсените хакери не е идентификуван по…

Read More