Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Драматична ноќ на полско-белоруската граница: Мигранти се смрзнуваат во шума, четворица починаа

0
By Sashko on November 9, 2021 СВЕТ
Фото: themoscowtimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 9, 2021 12:51

Замотани во ќебиња и фолии, мигранти минаа цела ноќ во шума во граничното подрачје меѓу Белорусија и Полска, а четири лица починаа од смрзнување, со оглед на ниските температури. Тие, буквално, секој ден ја минуваат границата меѓу двете земји од кои се протерувани од полицијата. Нивна желба е да влезат во Европската Унија, поточно во Германија. Додека белорускиот претседател Александар Лукашенко е води војна со Европската Унија, а членките на ЕУ силно ги осудуваат неговите постапки, илјадници луѓе се незаштитени и препуштени на милост и немилост на граничната полиција.

Напнатата ситуација на границата меѓу Белорусија и Полска ескалира во текот на вчерашниот ден, кога белоруската војска испрати околу 3.000 мигранти до границата, со намера да ги насочи кон Полска. На тоа следеше итна реакција на полските власти кои целосно ја затворија границата, додека 12.000 војници беа распоредени во нејзина близина.

Денот мина прилично бурно, а во доцните вечерни часови медиумите пренесоа дека дошло до пукотници на полска страна. Урсула фон дер Лајен ги осуди постапките на Белорусија и ги повика членките на ЕУ да воведат дополнителни економски санкции за земјата, додека полските власти ги протолкуваа постапките на Лукашенко како нова провокација и напад врз имотот на ЕУ. Во таквите препукувања најмногу страдаат оние се најдоа без намера во нив.

„Секој ден влегуваме во Полска, а тие нè враќаат назад. Нè одведуваат ноќе и нѝ велат да ја минеме границата. Ветуваат дека на таа страна нема полска полиција и дека може да одиме во тој правец, само мора да ја минеме жицата, изјави еден од мигрантите за „Би-Би-Си“, замотан во фолија во шумата со промрзнати усни и тешкотии во зборувањето.

Активистите моментно се наоѓаат на границата каде им помагаат на гладните и замрзнати мигранти. Како што велат, не може да се знае колку од нив се болни, гладни и повредени. Како што изјави еден активист, не се работи за политика, туку за човечки животи.

Нема симпатии од ниту една страна, велат од спорната граница. Варшава синоќа ги обвини белоруските војници дека туркаат мигранти преку граница, како и дека во одреден момент сами минале на територијата на Полска. Иако армијата моментално се повлекува од пограничната област, Полска ја зголеми борбената готовност и порача дека во секој момент ќе биде подготвена за акција. Спротивно на тоа, Минск ги отфрли обвинувањата и ја обвини Полска за создавање на конфликт.

Белорусија ЕУ Мигранти Полска Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.