Author: Sashko

Жители на Арачиново, во придружба на градоначалникот Ридван Ибраими, денеска протестираа пред објектот на ЕВН во Бутел. Причина е што поголем дел од Општината веќе трет ден е без напојување со електрична енергија по големиот дефект што се случи во понеделникот, како последица на диви приклучоци во мрежата и оптоварување на трансформаторите. „Неприфатливо е овие граѓани да се соочуваат со голема неправда. Континуирано ја следиме состојбата. Не знам која е целта и кому му одговара ситуацијата да ескалира. Неприфатливо е нехуманото однесување на компанијата. Обврска на ЕВН е да преземе итни мерки и да воспостави ред, како и во сите…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави нешто помалку од три милијарди долари нова помош за поддршка на воените напори на Украина. Нарекувајќи ја „најголема транша безбедносна помош досега“, Белата куќа соопшти дека ќе обезбеди оружје и опрема во вредност од 2,98 милијарди долари. „Ова ќе ѝ овозможи на Украина да се здобие со системи за противвоздушна одбрана, артилериски системи и муниција, противбеспилотни воздушни системи и радари за да се осигура дека може да продолжи да се брани долгорочно“, се вели во соопштението. Објавата е темпирана да се совпадне со Денот на независноста на Украина, се додава во соопштението од Белата куќа.

Read More

По повод Денот на независноста на Украина – 24 август, Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија и Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ денеска на плоштадот Македонија, организираа пригодна свеченост. Извор: frontline.mk

Read More

Овоштарите од Преспа утре од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид. Според членот на организацискиот тим Љубе Пампулевски, протестот е неизбежен затоа што Министерството за финансии не ги исплаќа преземените обврски кон преспанските овоштари. „Протестот го организираме затоа што сè уште не е исплатен надоместокот за предизвикана штета од невреме град и мраз во зимски услови од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година врз овошните насади. Веднаш сакам да истакнам дека ние имаме одлична соработка со Министерството за земјоделство,…

Read More

Од 1.131 направен тест во изминатите 24 часа се регистрирани нови 381 случај на ковид-19 од кои 80 се реинфекции. Во изминатото деноноќие починале две лица, а согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се евидентирани четири починати пациенти во периодот од 18 до 21 август. Според  податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), 173 од новите случаи се евидентирни во Скопје, во Битола – 36, во Прилеп – 24, во Кавадарци – 16, во Куманово и во Гевгелија – по 15, во Кочани – 10, во Велес и во Охрид – по девет, во…

Read More

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе поскапат за три денари, а цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Според РКЕ, цената на Еуросупер БС – 95 ќе биде 89 денари за литар, на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 91,50 денари, додека на Еуродизел БС (Д-Е V) 96,50 денари. Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) ќе биде 93 денари за литар, а мазутот М-1 НС 51,686 денари за килограм. Со оваа Одлука, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,31 отсто во однос…

Read More

Седумдесет и два отсто од корисниците на интернет во Северна Македонија читаат вести онлајн, покажува истражувањето на Евростат. Повеќе вести на интернет, во земјите во регионот, од македонските граѓани читаат Грците (90 отсто), Црногорците (80) и Србите (77), а помалку Албанците (58 отсто). Во Европската Унија (ЕУ), девет од десет луѓе на возраст меѓу 16 и 74 години, користеле интернет минатата година, а најмногу за читање вести. Меѓу земјите членки на ЕУ, најмногу корисници на интернет кои читаат онлјан вести се регистрирани во Финска (93 отсто), Литванија и Чешка (92 отсто) и Хрватска и Грција (90 отсто). Најмалку читатели на…

Read More

Од утрото на 24 август, руските трупи го гранатираат регионот Харков. Конкретно, градот Дерхачи и селото Мала Даниливка беа под артилериски оган. Според првичните податоци, повредени се цивили, пренесува агенцијата „Укринформ“. Според Олександр Хололобов, началник на селото Мала Даниливка, гранатирање било забележано на различни места во селото, а жителите биле повредени во нивните дворови. Оштетени се и инфраструктурата и приватните домаќинства. Според началникот на селото, руските сили гранатирале со касетна муниција. Дерхачи, според податоците на градскиот совет, бил под артилериски оган околу 10:50 часот. Засега нема информации за жртви или штети. Надлежните ги повикуваат жителите да не ги напуштаат своите…

Read More

Руските сили убиле еден цивил и повредиле уште двајца во регионот на Доњецк на 23 август, објави на Телеграм шеф на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко, пренесува агенцијата „Укринформ“. „На 23 август Русите убиле еден цивил во регионот на Доњецк – во Бахмут. Уште две лица се повредени“, напиша тој. Вкупно 759 цивили се убиени, а 1.952 се повредени во регионот на Доњецк од почетокот на руската инвазија врз Украина. Регионалниот гувернер истакна дека во моментов е невозможно да се утврди точниот број на жртви во Мариупол и Волноваха. Непријателските трупи ја гранатираа територијата на регионот Дњепропетровск на 23…

Read More

Сајтот за социјални медиуми „ЈуТјуб“, во сопственост на Google, презеде акција по одлуката на Мета да го отстрани Тејт од Фејсбук и Инстаграм, пренесува „Би-Би-Си“. Поранешниот кик-боксер се прослави во 2016 година кога беше отстранет од ТВ-шоуто „Големиот брат“ поради видео на кое изгледаше како тој да напаѓа жена. Тој продолжи да се здобива со озлогласеност на интернет – со тоа што Твитер го забрани затоа што рече дека жените треба да „сносат одговорност“ ако се сексуално нападнати. Во моментот на неговото отстранување од Големиот брат, во 2016 година, Тејт рече дека контроверзното видео било монтирано, нарекувајќи го „тотална лага…

Read More

Затворската болница во Саратов, во југозападна Русија, го привлече вниманието на јавноста минатата година кога беа обелоденети видео снимки од брутално малтретирање затвореници, а случајот го објавија меѓународните медиуми. Алексеј Макаров ја знаел неславната репутација на затворот уште пред да биде префрлен таму во 2018 година, како дел од шестгодишната затворска казна што ја отслужувал поради осуда за физички напад. Се шпекулираше дека затворениците кои биле испратени во Саратов од другите затвори во регионот се пожалиле дека нивните здравствени наоди биле фалсификувани за да се преселат на локација каде што би можеле да бидат мачени зад затворени врати. Имено, во…

Read More