Author: Sashko

Тенисерот Каспер Руд стана првиот Норвежанец кој обезбеди место на завршниот АТП турнир што ќе се одржи во Торино од 14 до 21 ноември. Руд обезбеди настап на завршниот турнир на кој традиционално учествуваат осумте најдобри тенисери, по убедливата победа во осминафиналето на Мастерсот во Париз против Американецот Маркос Гирон со 6:2, 6:1. Руд оваа година освои пет турнири, како и Германецот Александер Зверев и со тоа двајцата тенисери се најуспешни на АТП турнирите во оваа сезона.

Read More

Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска се искачија на 81 долар, бидејќи одлуката на водечките производители скромно да ги зголемат залихите го засени извештајот за претстојното враќање на саудиското производство на нивоата пред пандемијата. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 36 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 80,90 долари. На американскиот пазар, пак, барел денеска се тргуваше по 64 центи повисока цена или 79,45 долари. Во исто време, Ријад, на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, ги отфрли повиците на водечките производители да исфрлат значително повеќе од планираните 400.000 барели…

Read More

Собранието на денешната пленарна седница ги верификува мандатите на новите пратеници откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата. „За“ гласаа 83 пратеници, немаше против и воздржани. На местото на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е избран за нов градоначалник на Општина Аеродром, доаѓа Тони Јаревски, а на местото на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој стана градоначалник на Општина Бутел доаѓа Зоран Коцевски. На местото на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, кој е новиот градоначалник на Штип, доаѓа Драган Ковачки. Костадин Костадинов, кој е нов градоначалник на Струмица, во собраниските клупи ќе го замени Љубица Спасова,…

Read More

Продлабочување на економските врски и соработката на регионална основа се перципираат како можност за забрзување на економскиот раст и како заемна корист за земјите од Западен Балкан и на вишеградската четворка. Тоа е истакнато на работната средба што се одржа деновиве во Будимпешта на претседатели и на високи претставници на десет стопански комори – шест од земјите на Западен Балкан (С. Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, Косово и Албанија) и четирите од т.н. Вишеградска група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска). Ова е прва средба од ваков вид и дел е од активностите на Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен…

Read More

Министерот за економија, Крешник Бектеши беше во посета на расадникот на компанијата „Еуропеан плантс“ во тетовско Прељубиште, која е холандска инвестиција, а по повод денот на претприемништвото кое се одбележува во Кралството Холандија. Оваа компанија е управувана од жена и претставува успешен приказна за женско претриемништво во Северна Македонија. Оваа компанија има над пет милиони евра извоз, а дополнително има и развојни планови со цел да го зголеми производството тука со цел да се зголеми бројот на вработени. Министерството, во склоп на надлежностите, веќе усвои стратегија за женско претприемништво, имајќи предвид дека зборуваме за компанијата која се раководи и сопственик…

Read More

Во рамки на Конференцијата „Ефикасен поврат на имот во согласност со европските стандарди“, која се одржува во Скопје,  се одржа заедничка работна средба на претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Спано со претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Како што соопштија од Уставен суд, на средбата присуствуваа и Јован Илиевски, судија во ЕСЧП, Абел Кампос, заменик регистрар на ЕСЧП, Агим Нухиу, заменик министер за правда и претставници на други институции, како што се Јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавни обвинители,  Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред ЕСЧП и на Академијата за судии и јавни обвинители.…

Read More

Со концерт на Националниот ансамбл „Танец“ и Влатко Стефановски, вечерва ќе биде отворено 22. издание на традиционалната манифестација „Есенски музички свечености“ 2021. Националниот ансамбл „Танец“ повеќе од седум децении ја остварува својата културна мисија на негување и презентирање на македонското фолклорно творештво во земјава и надвор од неа. Влатко Стефановски е стар пријател на „Танец“, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапувано со ансамблот. Секогаш соработките со „Танец“ ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, како и за македонската музичка култура во целост. Билетите се пуштени во онлајн продажба преку karti.com.mk, а ќе…

Read More

Оркестарот на Филхармонија вечер ќе одржи концерт насловен како „Мастерклас со Лајовиц“, на кој како солист ќе настапи македонскиот виолончелист Паскал Краповски. На програмата се дела од Росини, Хајдн и Дворжак. Концертот ќе го водат млади диригенти кои ќе учествуваат на мастеркласот кој ќе го води познатиот словенечки маестро Урош Лајовиц. Лајовиц е роден на 4 јули 1944 година во Љубљана. Студирал композиција и диригирање на Музичката академија во Љубљана, каде и дипломирал на двата смера во 1967, односно 1969. година. За исклучителни остварувања во двете области, во 1968. и 1969. година ја доби студентска Прешернова награда. Настапувал ширум Европа,…

Read More

Непроменети остануваат ставовите на власта и на опозицијата во врска со предвремени парламентарни избори. Власта тврди дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека на земјава не ѝ се потребни избори, додека опозицијата смета власта е делегитимирана по поразот на локалните избори и дека се неопходни предвремени парламентарни со цел земјата подготвено да се справи со економските и енергетските предизвици што претстојат. По најавената оставка на премиерот Зоран Заев во владината коалиција се одвиваат разговори за нов мандатар. Сè уште нема информации дали ќе има промени и во кадровскиот состав на Владата. Од СДСМ повторуваат дека парламентарното мнозинство е стабилно и…

Read More

Вооружени напаѓачи на 2 ноември убиле 69 луѓе во југозападниот дел на Нигер, меѓу кои и локален градоначалник. Делегацијата предводена од градоначалникот на Банибангу падна во заседа на околу 50 километри од градот во близина со границата со Мали. Во тоа подрачје дејствуваат милитанти поврзани со локалниот огранок на Исламска држава, кој годинава уби стотина цивили во Нигер. Нападот го преживеале 15 лица, но сè уште никој не презел одговорност. Областа во сиромашната и сушна зона во Западна Африка ги опфаќа граничните подрачја на Нигер, на Мали и на Буркина Фасо, што во изминатите години е зафатена од насилство во…

Read More

Барањето за укинување на јагленот како извор на енергија вчера го поддржаа уште 23 земји на климатската конференција на Обединетите Нации (ОН) во Глазгов, но на тоа сè уште се противат најголемите производители на највалканото гориво што го предизвикува глобалното затоплување. Самитот COP26 се обидува да најде начин за постигнување на целта за ограничување на глобалното зголемување на температурата на 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриските нивоа. Емисиите на штетни гасови од согорувањето на јаглен поединечно најмногу придонесуваат за климатските промени, така што намалувањето на неговата употреба е клучно за постигнување на климатските цели. Ветувањето за укинување на јагленот…

Read More

Тунис издаде меѓународен налог за апсење на поранешниот претседател Мосеф Марзуки (76) од обвинение за поткопување на безбедноста на земјата. Марзуки, според информации во западните медиуми, веќе еден месец е во Франција. Актуелниот претседател на Тунис, Каис Сајед минатиот месец го поништи дипломатскиот пасош на Марзуки, откако Франција ја укина помошта за Тунис. Критичарите на Сајед истакнуваат дека тој се обидува да ја зацврсти власта и да ги дискредитира политичките противници. Противникот на диктатурата на Бен Али, а потоа и прв претседател по револуцијата (2011 – 2014) Марзуки долго беше симбол на борбатра за демократија во Тунис, иако неговиот имиџ…

Read More