Author: Sashko

Ракометарите на Вардар го запишаа вториот пораз во Лигата на шампиони. По оној од Монпелје во Скопје (25:31), подобар од „црвено-црните“ вечерва беше и тимот на дански Алборг со 33:29 (полувреме 17:16). Најефикасен играч на теренот беше Тимур Дибиров со девет гола, шест даде Кевин Њокас, додека солидна партија меѓу стативите имаше Мартин Томовски кој забележа девет интервенции. Прв стрелец кај домашната екипата беше Палмарсон со осум погодоци. По пет одиграни меча во групата А, двократниот европски првак Вардар е на шестата позиција со пет бода и биланс од две победи, исто толку порази и реми. Нареден ривал на вардарци…

Read More

Коалицијата на централно ниво е стабилна, генерално сме задоволни од европската ориентација на Владата, но, и покрај тоа што не сме задоволни од постапки на некои државни функционери на ДУИ, очекувам гласови од СДСМ во вториот круг на локалните избори, најави лидерот на БЕСА, Билал Касами во вечерашното гостување на ТВ Телма. Касами за ривал во трката за градоначалничката фотелја во Тетово ја има Теута Арифи, меѓутоа изрази надеж за фер игра од коалициските партнери на 31 октомври. Се наоѓаме среде два круга на локални избори на кои се нудат кадри и програми за локални теми. Но, еве, ќе бидам…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Алијансата мора да продолжи да разговора со Русија, откако Москва ја затвори својата мисија поради шпионскиот спор. Тоа ќе значи потпирање на „жешката линија“ меѓу командантот на руската армија, Валериј Герасимов, и командантот на НАТО за Европа, Тод Валтерс, како и средбите на Столтенберг со министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, наведуваат дипломатите. Русија, исто така, ја остави отворена вратата за дипломатија преку својата амбасада во Белгија, откако ги замрзна официјалните состаноци во форматот Советот НАТО-Русија. Односите меѓу НАТО и Русија сега се на најниско ниво од крајот на Студената војна.…

Read More

Поморската база на американската армија во Бетесда, Мериленд, е затворена поради анонимна дојава за поставена експлозивна направа и спроведување на истрага за активен вооружен напаѓач, соопшти базата на Твитер. Како што се соопштува, на сите војници им било наредено да се засолнат на безбедно место, откако утринава бил примен анонимен телефонски повик за наводно поставена бомба во објект покрај базата. На територија на базата се наоѓа Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“.

Read More

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја мина првата пречка на турнирот во Севилја, совладувајќи ја домашната претставничка Алба Реј Гарсија со 2:0 во сетови. Ѓорческа (279 на ВТА листата) го реши во своја корист првиот сет во тај-брек со 15-13, по што во вториот сет беше поубедлива, препуштајќи и само два гема на 890-рангираната светска тенисерка. Утре, во второто коло, Ѓорческа ќе игра против Италијанката Мартина ди Џузепе (283 на ВТА листата).

Read More

Европската комисија денеска го усвои Пакетот за проширување 2021 заедно со извештаите за напредокот на шесте земји од Западен Балкан, вклучително и за Северна Македонија. Во Извештајот, што беше презентиран попладнево во Европскиот парламент во Стразбур, Европската комисија ја критикува блокадата за старт на преговори и задоволна е што Северна Македонија продолжува да ги исполнува критериумите за членство во ЕУ и што властите покажуваат јасна проевропска ориентација. Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста заложба да продолжат по ЕУ патот. Земјата задржа постојан и одлучен тек во…

Read More

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји на денешната прес- конференцијата за извештаите за земјите од Западен Балкан не даде дополнителни објаснувања за новинарите и повтори дека очекува до крајот на оваа година „зелено светло“ за преговори со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел. Запрашан на што го темели оптимизмот за „зелено светло“ од земјите-членки до крајот на оваа година, Вархеји рече дека е „ангажиран со двете страни, Бугарија и Северна Македонија“. Се сретнав со лидерите на двете земји и врз таа основа би требало да најдеме решение и да го убедиме Советот да даде зелено светло уште…

Read More

Едно лице го загуби животот, а две се повредени во тешката соообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово во близина на натпатникот за Требош, која се случи попладнево околу 17 часот. Во сообраќајката учествувале три патнички и едно товарно возило, а според првичните искази пријавени во СВР Тетово имало и четврто возило за кое се тврди дека го напуштило местото. – На местото на несреќата животот го загуби Ф.Р (45) од Тетово. Повредени се Е.К (22) од Тетово кој имал тешка телесна повреда-скршеница на нога како Е.Љ (31) исто од градот, која добила потрес на мозок и е задржана за опсервација во тетовската…

Read More

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји нагласи дека работи за одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија заедно со Албанија до декември, јави дописничката на МИА од Брисел. Запрашан од бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, дали прифаќа одвојување на Северна Македонија и Албанија за почеток на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ), еврокомесарот одговори негативно. Мислам дека е јасно оти двете земји ги исполнија условите и сакаме договор за двете земји. Тоа е став на мнозинството земји-членки на ЕУ, во овој момент можеме и треба да ги разгледуваме заедно, изјави еврокомесарот Вархеји. Вархеји пред неколку месеци ја спомена можноста Албанија…

Read More

Американскиот фармацевтски гигант „Џонсон&Џонсон“ денеска ја зголеми годишната прогноза за профит и потврди дека очекува заработувачка од 2,5 милијарди американски долари од продажбата на вакцината против ковид-19. На почетокот од годинава, „Џонсон&Џонсон“ се соочи со проблеми во производството на вакцини во фабриката во Балтимор и компанијата беше принудена да уништи милиони дози, да ги одложи испораките и двојно да го намали своето целно годишно производство на 500 до 600 милиони дози. Вакцината сега се користи помалку во САД, иако некогаш беше прогласена за важна алатка во борбата против пандемијата во тешко достапните области, особено со оглед на фактот дека луѓето…

Read More

Пакистанец е осомничен дека ја запалил куќата во која живееле неговите две ќерки и четири внуци, бидејќи едната се омажила против негова волја. Полицијата е во потрага по Манзур Хусеин, затоа што наводно запалил куќа во пакистанскиот кварт Музафаргарг, каде живееле неговите две ќерки Фаузија Биби и Куршид Маи. Во пожарот загинале двете ќерки, нивните четири деца и сопругот на Маи. Фаузија Биби пред 18 месеци се омажила за Мехуб Ахмад против волјата на нејзиниот татко. Тоа бил брак од љубов, а не договорен брак, јави „Си-Ен-Ен“. Инцидентот беше предизвикан од конфликт меѓу две семејства поради брак од љубов, соопшти…

Read More

Бандата, која во саботата на Хаити киднапира група мисионери од САД и од Канада, бара откуп од милион долари за секое лице или вкупно 17 милиони долари, изјави хаитскиот министер за правда. Истите криминалци во април киднапираа група католички свештеници кои подоцна биле ослободени, но не е познато дали за нив е платена откупнина. Сите киднапирани се американски државјани, освен еден кој е од Канада. Меѓу нив има пет мажи, седум жени и пет деца. Најмладото дете наводно има само две години, пишува „Би-Би-Си“. Мисионерите работеле за Christian Aids Ministries, непрофитна организација со седиште во американската држава Охајо, која набавувала…

Read More