Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потврда на проекцијата на приходи: „Џонсон&Џонсон“ очекува 2,5 милијарди долари од продажба на вакцини во 2021 година

0
By Sashko on October 19, 2021 СВЕТ
Фото: aa.com.tr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 19, 2021 17:56

Американскиот фармацевтски гигант „Џонсон&Џонсон“ денеска ја зголеми годишната прогноза за профит и потврди дека очекува заработувачка од 2,5 милијарди американски долари од продажбата на вакцината против ковид-19.

На почетокот од годинава, „Џонсон&Џонсон“ се соочи со проблеми во производството на вакцини во фабриката во Балтимор и компанијата беше принудена да уништи милиони дози, да ги одложи испораките и двојно да го намали своето целно годишно производство на 500 до 600 милиони дози.

Вакцината сега се користи помалку во САД, иако некогаш беше прогласена за важна алатка во борбата против пандемијата во тешко достапните области, особено со оглед на фактот дека луѓето се вакцинираат само со една доза.

Конкурентите „Модерна“ и „Фајзер“, пак, потпишуваат договори за испорака на трети дози во следната година, но и на подолг рок.

„Џонсон&Џонсон“ ги зголеми приходите за 10,7 проценти во третиот квартал, на 23,3 милијарди долари. Нето добивката се зголеми за 3,2 отсто, достигнувајќи 3,67 милијарди долари. Заработката по акција се зголеми за три проценти, на 1,37 американски долари.

Одделот за лекови го зголеми приходот во третиот квартал за 13,8 проценти, на 13 милијарди долари, а приходот од продажба на вакцината против ковид-19 изнесуваше само 502 милиони долари. Во првите девет месеци достигна 766 милиони долари.

Компанијата ја потврди проценката од јули дека приходите од продажба на вакцини против коронавирус треба да изнесуваат 2,5 милијарди долари, што значи дека треба да е двојно повеќе во последните три месеци од оваа година отколку во првите девет месеци годинава.

Вкупниот приход се очекува да биде 94,1 милијарди до 94,6 милијарди долари оваа година, проценува „Џонсон&Џонсон“.

„Џонсон&Џонсон“ Вакцина Ковид-19 приходи проекции Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.