Ракометарите на Вардар го запишаа вториот пораз во Лигата на шампиони. По оној од Монпелје во Скопје (25:31), подобар од „црвено-црните“ вечерва беше и тимот на дански Алборг со 33:29 (полувреме 17:16).

Најефикасен играч на теренот беше Тимур Дибиров со девет гола, шест даде Кевин Њокас, додека солидна партија меѓу стативите имаше Мартин Томовски кој забележа девет интервенции. Прв стрелец кај домашната екипата беше Палмарсон со осум погодоци.

По пет одиграни меча во групата А, двократниот европски првак Вардар е на шестата позиција со пет бода и биланс од две победи, исто толку порази и реми. Нареден ривал на вардарци е германски Кил на 27 октомври во Скопје.