Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Кога ќе се испишува историјата на војната во Украина, Валериј Залужни веројатно ќе заземе истакната улога, пишува TIME во сторијата за украинскиот генерал Валериј Залужни, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Тој беше дел од храбриот украинскиот тим кој помина години трансформирајќи ја војската на земјата од застарениот советски модел во модерна борбена сила. Закоравен од годините борби со Русија на источниот фронт, тој беше дел од новата генерација украински лидери кои научија да бидат флексибилни и да ги делегираат одлуките на командантите на теренот. Неговата истрајна подготовка во пресрет на инвазијата и разумните тактики на бојното поле во раните фази…
Околу 700.000 Македонци или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата. Миграцијата од Северна Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во Европската Унија (ЕУ) и околу четвртина од работоспособното население заминува од земјата што влијае врз продуктивноста на самата земја, истакна Анита Рихтер, раководител на одделот за Југоисточна Европа на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД на денешната презентација на Извештајот на ОЕЦД „Трудова миграција во Западен Балкан, мапирање на шемите, адресирање на предизвиците и користење на придобивките“. Рихтер посочи дека големата дијаспора може да донесе значителни ресурси за својата земја на потекло.…
Во рамки на одбележувањето на Недела на контрацепција од Македонската асоцијација на гинеколози велат дека Република Северна Македонија има ниска стапка на преваленца на современи контрацептивни средства, односно само 21 процент. „Според Светската здравствена организација, околу 16 милиони адолесценти на возраст од 15 до 19 години раѓаат деца секоја година, што претставува околу 11 отсто од вкупните раѓања во светот. Низ нашето образование ретко се зборува за сексуално и репродуктивно здравје. Дури 20 проценти од нашите адолесценти сметаат дека кондомот може да помогне во спречување на бременоста, но не и во спречување на било која сексуално пренослива инфекција (СПИ)“, велат…
Владата донесе одлука за издавање на хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen“, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. „Министерството за финансии во континуитет ги следеше пазарите на капитал и согласно опсежните анализи, овој инструмент со својата каматна стапка и рок на доспевање е најдобрата опција за портфолиото на јавен долг. Имено, каматната стапка изнесува 3,75 отсто плус 6 месечен ЕУРИБОР, со рок на отплата од 3 години и 18 месеци…
Неодговорно и на штета на граѓаните и на бизнис секторот е блокирањето на договорите од „Отворен Балкан“ од пратеникот Милошоски, изјави Националниот координатор за Отворен Балкан и регионална соработка, Марјан Забрчанец за Фронтлајн. „Ратификацијата на договорите за слободен пристап до пазарот на трудот и за идентификациски број за граѓаните на „Отворен Балкан“ мора да се заврши во Собранието за да може да стартува проектот за слободно ангажирање работна сила во која било од трите држави без работни дозволи“, вели Забрчанец. На прашањето која е потребата и кои ефекти се очекуваат од оваа новина во регионалното поврзување, Забрчанец одговори дека побарувачката…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Собранието, ги претстави приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година. „Мали држави ретко добиваат ваква шанса да се покажат на голема сцена. Ова е голема шанса за Северна Македонија во период кога регионот на ОБСЕ се соочува со една од најголемите безбедносни закани. Ова е проект од државно значење и претставува признание на нашите реформски напори дома и на нашата проактивна надворешна политика, како веродостоен и одговорен чинител во регионот и пошироко. Тоа беше потврдено на Министерскиот совет во Тирана во…
Од Европската комисија (ЕК) не сакаат да ги коментираат можните причини за истекувања на гас од „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, уверувајќи дека снабдувањето е безбедно за Европа, јави дописничката на МИА од Брисел. На денешниот редовен брифинг за новинари, портпаролите на ЕК порачаа дека се информирани за инцидентот со трите истекувања на гас од „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во близина на Данска и се во постојан контакт со засегнатите земји членки. „Во моментов нема последици врз сигурноста на снабдување, затоа што испораките од „Северен тек 1“ се на нула, а „Северен тек 2“ нема…
На границата меѓу Русија и Грузија, на контролниот пункт Горен Ларс, ќе биде отворен мобилизациски пункт, соопшти Министерството за внатрешни работи на руската република Северна Осетија. Во соопштението објавено на Телеграм не се прецизира кои се причините за таквата одлука. „Сериозно се зголемува приливот на патнички возила што се движат кон Грузија. За да се намалат ризиците од незаконско однесување и создавање конфликтни ситуации, донесена е одлука на граѓаните да им се овозможи да ја преминат границата и пешки“, се наведува во соопштението. Претходно на посоченото место, границата можеше да се помине само со превозно средство. Од почетокот на делумната…
Министерот за економија, Крешник Бектеши, осврнувајќи се на владините мерки за енергетската криза, денеска рече дека угостителите и хотелиерите ќе добијат поддршка, а рудниците, казината, банките и сличните такви дејности нема да бидат поддржани. Бектеши повтори дека ќе се помогне и на најранливите категории граѓани, а ќе се донесат и соодветни мерки во делот на замрзнувањето на цените и на маржите. „Бизнисот ќе биде помогнат директно, но оние сектори кои навистина имаат потреба. Сум кажал дека поддршка од Владата ќе добиваат оние стопанственици кои покажуваат дека навистина штедат и оние кои навистина имаат потреба од поддршка. Не верувам дека имаат…
Вкупната потрошувачка по видови енергенти во јули изнесувала 525.730 МWh електрична енергија, 12.592 мил. нм3 природен гас, 466.130 тони јаглен и 97.117 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Бруто-домашното производство на електрична енергија, според ДЗС, учествува со 82.4 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98.3 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање денеска изјави дека не се очекува бегалски бран од Русија, со оглед на тоа, како што кажа, што ние немаме конекција со Москва, како што имаат некои други држави. На прашањето, пак, доколку има руски бегалци, дали ќе го имаат истиот третман како украинските, тој кажа дека Украинците имаат третман согласно со меѓународните организации во кои ние сме членки за згрижуавање на бегалци од војна. „Ние ги донесовме сите потребни одлуки во однос на постојано згрижување или згрижување во транзит, бидејќи дел доаѓаат и потоа заминуваат во други земји. Тоа е нивниот…
Друштвото за градежништво Бетон АД Скопје четврти месец нема исплатено плата на вработените, а сметката му е блокирана повеќе од 45 дена. Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање соопшти дека, во име на вработените од ДГ Бетон АД Скопје, вчера до Основниот граѓански суд Скопје поднел Предлог за отворање на стечајна постапка, откако во период од девет месеци ги искористиле сите правни механизми за да ги добијат заостанатите плати и компанијата да продолжи да работи. Претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски, на прес-конференција рече дека вработените што ги застапува ќе го искористат и последниот законски дозволен механизам и…