Author: Sashko

Зад ликвидацијата на ќерката на Путиновиот пропагандист и идеолог, лидер на руските фашисти (како што го нарекува Пономарев),  Александар Дугин – Дарија, која и самата постојано ја оправдуваше руската агресија, стои „Националната републиканска армија“.  Подметнувањето експлозивна направа на нејзиниот автомобил во московскиот регион е партизанска акција, чија цел е да се спротивстави на режимот на Кремљ. Ова на каналот „Февруарско утро“ го објави лидерот на опозицијата во егзил, Илја Пономарев. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=pofT8V8vytc&feature=emb_title Во етерот, тој го прочита манифестот на Националната републиканска армија, која се обрати до Илја Пономарев преку Телеграм каналот „Роспартизан“ со барање да објави дека таа ја презема одговорноста за акцијата: „Ние,…

Read More

Пишува: Дарија Ѓоргиевска На 24 август Украина ја слави 31-та годишнина од Независноста, но сите ние веруваме дека се наближува уште поважен ден – победата над руските освојувачи. Украина трасираше исклучително долг и тежок пат до својата државност. Според историските податоци, се работи за илјадагодишна историја која започнува уште од времето на Антскиот сојуз и Кијивска Рус. Сепак, ќе допреме до поновите, потврдени историски факти кои имаа значително влијание врз формирањето на модерна Украина како независна и суверена држава. 17 век: на територијата на модерна Украина е формирана Козачката држава. Козаците повеќе од сто години се бореле за независност на своите…

Read More

Членовите на таканаречените „доброволни баталјони“ во Русија, кои се согласиле да бидат распоредени во војната во Украина, добиваат повеќе од 3.000 долари месечно, се наведува во најновиот извештај на Институтот за студии на војната (ISW) со седиште во Вашингтон, пренесува агенцијата „Укринформ“. Забележано е дека споменатите баталјони се формирани низ руските региони. „Приморскиот крај им понуди на регрутите на возраст од 18 до 60 години еднократен бонус за запишување од 300.000 рубли (околу 4.980 американски долари) и месечни плати од 200.000 рубли (околу 3.320 долари)“, тврди ISW. Претходно, висината на еднократната исплата на членовите на волонтерскиот баталјон „Тигр“ формиран во Приморскиот крај беше…

Read More

Во Црна Гора заврши 12-от натпревар во лежење што традиционално го организира „Eтно село Монтенегро“ во Брезна. Првото место го освои Жарко Пејановиќ од Подгорица кој лежеше приближно 55 часа. „Не беше тешко. Верувајте, не се ни „загреав“. Но, не сакав да одам на рекорд. Тоа ќе го направам следната година, за кога е планиран натпреварот на кој ќе учествуваат сите досегашни победници“, изјави тој за медиумите. На натпреварот оваа година учествуваа девет натпреварувачи, а последни останаа Пејановиќ и Вук Кољеншиќ од Даниловград. Како што неофицијално беше соопштено, имало преговори и за поделба на титулата, но Пејановиќ бил решен да…

Read More

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) е подготвена да одговори на сите зададени полициски задачи, самостојно и координирано, без оглед на нивната специфичност и сложеност. Со својата  професионалност, посветеност, пожртвуваност, знаења и вештини на припадниците со широки оперативни перформанси Единицата е на исто рамниште со истородните полициски формации на полициите од Европа и светот, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во обраќањето на свеченоста во полицискиот центар „Ѓорче Петров”, по повод одбележувањето на Денот на формирањето на ЕБР. Оваа единица, додаде тој, во текот на својот раст ги поприми контурите на визијата со којашто стартувавме пред неколку години – за…

Read More

Утре (среда, 24 август) на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе биде одбележан Денот на независноста на Украина. Свеченост ќе започне во 14 часот со интонирање на националната химна на Украина, по што ќе следуваат говори на дипломатскиот претставник на Украина во нашата земја, Роман Буга, како и на претседателот на здружението „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович. Денот на независноста на Украина оваа година нема да биде одбележан само во Украина. Целиот демократски свет ќе го одбележи овој датум. Илјадници организации, институции и активисти од целиот свет веќе објавија програма со активности со кои ќе го одбележат Денот на независноста на Украина,…

Read More

Министерството за земјоделство на Украина соопшти дека вкупно 33 товарни бродови со над 720.000 тони прехранбени производи ја напуштиле земјата, согласно договорот меѓу Киев и Москва, кој со посредство на ОН и Турција ги деблокира украинските поморски пристаништа. Според Заедничкиот координативен центар во Истанбул, кој го следи спроведувањето на договорот, од постигнувањето на договорот од три украински пристаништа на Црното Море се извезени вкупно 721.449 тони житарици и прехранбени производи.

Read More

Белгискиот премиер Александер Де Кро предупреди дека Европа ја очекуваат пет до 10 тешки зими. „Наредните пет до 10 зими ќе биде тешко. Бројни сектори се носат тешко со високите цени на енергенсите. Внимателно го следиме тоа, но мора да бидеме транспарентни. Месеците кои доаѓаат ќе бидат тешки, зимите кои доаѓаат ќе бидат тешки“, рече Де Кро.

Read More

Азиските акции денеска бележат пад во шеста сесија по ред, по новиот скок на цените на енергенсите во Европа. Скокот на цените ги поттикна стравувањата од рецесија и ги зголеми приносите на обврзниците, додека европската валута – еврото падна на најниско ниво во последните 20 години. Референтните цени на гасот во Европската Унија (ЕУ) во текот на ноќта достигнаа рекордно високо ниво, 14 пати над просекот за изминатата деценија. Аналитичарите на американската банка „Сити“ вчера предупредија дека инфлацијата во Велика Британија би можела да надмине 18 отсто, доколку не се ограничат цените на енергијата. Инфлацијата на потрошувачките цени последен пат…

Read More

Во текот на изминатата 2021 година, македонските винарии извезле вино во вредност од 61,4 милиони долари, што е зголемување од 19,1 отсто во споредба со претходната 2020 година. Виното е еден од ретките извозни производи со кои Македонија како извозник котира повисоко на светските извозни ранг листи. Така, според последното рангирање на Worldtopexports, Македонија лани била 29-ти најголем извозник на вина во светот. Во регионот, пак, Македонија е еден од лидерите според вредноста на извезеното вино, односно втор најголем извозник по Грција. Грција со извоз од 100 милиони долари минатата година е рангирана на 25 место на листата на најголеми…

Read More

Од 23-те факултети во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, четири нудат по над 1,000 слободни места за студенти во прва година во академската 2022/2023 на претстојните уписи. Природно-математичкиот (ПМФ), Филолошкиот, Правниот факултет и ФИНКИ заедно располагаат со 4.535 места за бруцоши или 41,53 отсто од вкупно 10,918 предвидени во Конкурсот на УКИМ за новата студиска година. На ПМФ има најмногу слободни места (1,275), се нудат 28 студиски програми на кои може да се запишат 655 бруцоши како редовни студенти, финансирани од државниот буџет, 445 за редовни кои плаќаат школарина и 175 слободни места за вонредни студенти. „Најголем…

Read More

Се работи на отстранување на штетите од синоќешните обилни врнежи од дожд што ги зафатија општините Виница, Долнени и Тетово. Во Виница се поплавени над 60 објекти и таму речиси е завршено испумпување на водата од станбените објекти. Се работи на инфраструкатурата во урбаното подрачје на градот и во текот на денот се очекува да биде завршено, доколку нема нови врнежи на дожд, информираа утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Екипи на ТППЕ Виница синоќа биле на терен до 23 часот, при што имале вкупно 20 интервенции, претежно на деловни објекти и училишта. Во најголем дел штетите се…

Read More