Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Италијанскиот суд денеска не донесе одлука по барањето на Шпанија за екстрадиција на поранешниот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон и му дозволи да патува. Пуџдемон го напушти судот на италијанскиот остров Сардинија, во придружба на адвокат, се ракуваше и ги прегрна своите поддржувачи, изјавувајќи дека е „многу среќен“. Неговиот адвокат Агостиноанџело Марас истакна дека судот во врска со одлуката за екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија, која го товари за бунт, ја чека одлуката на европските судови за две прашања. Тој изјави дека во меѓувреме Пуџдемон може да патува секаде. Тој е апсолутно слободен. Судот ќе закаже ново рочиште кога европските судови…
Бугарија не ги брани само националните интереси, туку, пред сè, и вредностите на Европската Унија (ЕУ) што се темелат на демократија и на почитување на човековите права во дијалогот со Северна Македонија, нагласил бугарскиот претседател, Румен Радев во телефонски разговор со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер. Како што јави дописникот на МИА од Софија, разговорот бил инициран од германскиот претседател во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во Словенија на 5 и 6 октомври, соопшти Кабинетот на Радев. Бугарија очекува конкретни резултати во однос на почитувањето на човековите права кај нашиот југозападен сосед, што ќе ја забрза…
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на отворање на конференцијата „Забрзување на финансирањето на зелени проекти: Претставување на инструментот за Зелено финансирање“, при што истакна дека во оваа фаза на развојот на Република Северна Македонија неопходно е да се зборува за забрзување на „зелените финансии“ и за неопходноста од воведување на различни финансиски инструменти што ќе водат до подобар исход за животната средина во државата. Ние, без сомнеж, сме целосно посветени на намалување на загадувањето, намалување на емитувањето на стакленичките гасови, зазеленувањето на нашата економија, особено преку намалување на нашата зависност…
Ако ЕУ не може да ги приближи работите кон подобро на Балканот, нема да може на направи ништо никаде, ни во Сирија, ни во односите со други држави, бидејќи овде кај нас го има најголемото влијание, и географски и политички и економски и секакво, изјави денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров во Белград, каде учествуваше на Економскиот форум на панелот „ЕУ-Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија?“ Кај некои од поскептичните земји членки на ЕУ за проширувањето, во нивниот ум Балканот не е во центарот на проширувањето и не е…
Дел од најпопуларните платформи за социјално вмрежување – Фејсбук, Инстаграм, ВатсАп и Месинџер „паднаа“ во цел свет. Според вебс-страницата Даун Детектор (DownDetector), проблемите започнаа околу 16:44 часот по средно европско време и влијаат врз корисниците ширум светот. Мрежите сè уште се недостапни и нема коментар од компаниите за причините за прекинот.
Словенечките пратеници Франц Богович, Тања Фајон и Клемен Грошељ истакнаа дека проширувањето на Европската Унија (ЕУ) кон Западен Балкан е долгорочен, но многу важен процес за двете страни. Во онлајн дебата организирана од Канцеларијата за врски на Европскиот парламент, тие оценија дека овонеделниот самит ЕУ-Западен Балкан претставува можност за потврди на посветеноста за проширување. Тие се согласија дека ЕУ е должна да понуди позитивни промени за граѓаните од Западен Балкан, што треба да ги почувствуваат уште пред да влезат во ЕУ, јави агенцијата СТА. Тие предупредија дека проширувањето кон Западен Балкан е многу долг процес и дека луѓето во тој…
Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека засилувачка доза на вакцини против ковид-19, изработени и произведени од „БајонТек“/„Фајзер“ и од „Модерна“, може да се аплицира на луѓе со ослабен имунитет, најмалку 28 денови по примање на втората доза. Препораката е дадена по анализи кои покажале дека т.н. бустер доза ја зголемува способноста за производство на антитела кај пациенти со трансплантирани органи и со ослабен имунолошки систем. Агенцијата, исто така, нагласува дека Европејците на возраст од 18 до 55 години, со нормален имунолошки систем би требало да примат трета вакцина најмалку шест месеци по втората доза. Според нив, важно е…
Пониски цени на роаминг меѓу Западен Балкан и Европската Унија (ЕУ) и широкопојасен интернет за 95 отсто од домаќинствата до 2024 година се темите за кои ќе се дискутира на четвртиот дигитален самит на економиите на Западен Балкан што ќе се одржи во Подгорица од 11 до 13 октомври, истакна генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу. Таа изјави дека Тиранската пирамида, изградена како музеј на Енвер Хоџа, албанскиот диктатор, ќе се претвори во најголемиот регионален центар за дигитална трансформација на Западен Балкан. Нема подобар симбол од разговорот за дигиталната иднина на Западен Балкан, јадро на регионалната соработка.…
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни информации и добиена судска наредба за претрес, извршија претрес во дом на А.С. (39) од скопското село Страчинци. При претресот, како што соопштија денеска од МВР, пронајдени се два пиштола, една пушка и три куршуми. Лицето А.С. е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.
Нови 185 случаи на ковид-19 од 1.876 тестирања, 12 починати пациенти и 523 оздравени лица се регистрирани во последните 24 часа, информира Министерството за здравство (МЗ). Во најновиот дневен пресек на ситуацијата со коронавирусот во земјава се вметнати уште три смртни случаи (по еден во Скопје, во Гевгелија и во Струмица) во периодот од 29 септември до 3 октомври оваа година. Најголем дел од новите случаи се евидентирани во Скопје – 99, во Велес и во Кочани – по 14, во Кавадарци – 12, во Штип – 11, во Свети Николе – осум, во Куманово – шест, во Охрид -…
Кина денеска испрати 52 борбени авиона во Тајван, продолжувајќи ја тридневната воена активност во близина на островот што го смета за нејзина територија. Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека ги следи кинеските воени авиони, користејќи систем за противвоздушна одбрана. Пекинг сè уште го смета Тајван за дел од својата територија, одбива да ја признае неговата демократска влада и се повеќе се обидува да го изолира. Последниот спор меѓу двете страни ескалира на 23 септември, кога Тајван ја објави својата намера да се приклучи на трговската група на пацифичките земји за која Пекинг аплицираше за членство една недела претходно. Кина во петокот…
Единаесет просветни работници се добитници на признанија за континуиран придонес и особени залагања во воспитно-образовната работа што ги додели Сојузот на просветни работници на Северна Македонија заедно со Министерството за образование и наука (МОН). Лидија Николовска Георгиевска од Сојузот на просветни работници на Северна Македонија, на денешниот настан, информира дека и оваа година по повод Светскиот ден на учителот – 5-ти октомври, во летниот период распишале конкурс за просветни работници од сите нивоа на образование. – На 19-ти септември оваа година, Комисијата за доделување на награди и признанија и пофалници во рамки на сојузот, додели признанија на 11 просветни работници…