Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегу: Пониски цени на роаминг меѓу Западен Балкан и ЕУ до 2024 година

0
By Sashko on October 4, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 4, 2021 18:16

Пониски цени на роаминг меѓу Западен Балкан и Европската Унија (ЕУ) и широкопојасен интернет за 95 отсто од домаќинствата до 2024 година се темите за кои ќе се дискутира на четвртиот дигитален самит на економиите на Западен Балкан што ќе се одржи во Подгорица од 11 до 13 октомври, истакна генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.

Таа изјави дека Тиранската пирамида, изградена како музеј на Енвер Хоџа, албанскиот диктатор, ќе се претвори во најголемиот регионален центар за дигитална трансформација на Западен Балкан.

Нема подобар симбол од разговорот за дигиталната иднина на Западен Балкан, јадро на регионалната соработка. Тоа е движечката сила на заедничкиот регионален пазар и исто како и оваа пирамида, се гради еден пазар за сите шест земји. Имаме основа. Западен Балкан без роаминг од први јули. Додека патуваме во ЕУ од Балканот, плаќаме 43 пати повеќе за роаминг од останатите, нагласи Брегу.

Според неа, крајната цел е постепено намалување на цените на роаминг меѓу Западен Балкан и ЕУ и приближување кон домашните во следните пет години, наведувајќи дека веќе работат на тоа.

Четвртиот дигитален самит на Западен Балкан ќе се одржи во Подгорица. Советот за регионална соработка е горд што е дел од оваа приказна. Освен што брзо ќе го почнеме процесот на намалување на трошоците за роаминг меѓу Западен Балкан и ЕУ, ќе бидеме фокусирани и на подобрување на нашата дигитална инфраструктура, посочи Брегу.

Според неа, најважната цел е да обезбеди широкопојасен интернет за 95 проценти од домаќинствата до 2024 година.

Дигиталниот самит на Западен Балкан 2021 година се одржува како дел од Берлинскиот процес и како иницијатива координирана од Советот за регионална соработка.

Домаќин и организатор на годинешното издание е Министерството за јавна администрација за дигитално општество и медиуми на Црна Гора.

домаќинства ЕУ Западен Балкан интернет регион роаминг цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.