Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека засилувачка доза на вакцини против ковид-19, изработени и произведени од „БајонТек“/„Фајзер“ и од „Модерна“, може да се аплицира на луѓе со ослабен имунитет, најмалку 28 денови по примање на втората доза.

Препораката е дадена по анализи кои покажале дека т.н. бустер доза ја зголемува способноста за производство на антитела кај пациенти со трансплантирани органи и со ослабен имунолошки систем.

Агенцијата, исто така, нагласува дека Европејците на возраст од 18 до 55 години, со нормален имунолошки систем би требало да примат трета вакцина најмалку шест месеци по втората доза.

Според нив, важно е да се прави разлика меѓу дополнителната доза за лица со ослабен имунитет и бустер-доза за лица со нормален имунолошки систем.