Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Ако ЕУ не може да ги подобри работите на Балканот, нема да може на направи ништо никаде на светот

0
By Sashko on October 4, 2021 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 4, 2021 18:41

Ако ЕУ не може да ги приближи работите кон подобро на Балканот, нема да може на направи ништо никаде, ни во Сирија, ни во односите со други држави, бидејќи овде кај нас го има најголемото влијание, и географски и политички и економски и секакво, изјави денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров во Белград, каде учествуваше на Економскиот форум на панелот „ЕУ-Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија?“

Кај некои од поскептичните земји членки на ЕУ за проширувањето, во нивниот ум Балканот не е во центарот на проширувањето и не е најважното прашање. Тие поминаа низ серија кризи последните години, од финансиска, во Еврозоната, миграциите, а една земја членка си отиде. Тука е и кризата каде што дел од земјите членки не веруваат дека некои други до крај ги почитуваат европските вредности на кои се нафатиле, пред се во делот на владеење на правото, независност на медиумите итн. Во тие услови од нивна перспектива тие гледаат на шесте земји од Балканот и велат: Овие ќе ни донесат решенија или ќе имаме повеќе проблеми, изјави Димитров.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Димитров е убеден дека немањето ангажман или оставањето на Балканот по страна, ќе чини многу повеќе отколку неговата европеизација.

Не може една куќа да биде целосно функционална ако имаат една соба што е исклучена од сите системи, оти тоа не е добро за целата куќа. Ако Балканот е исклучен од обединета Европа, тоа е лошо за самата Европа, и безбедносно и политички и вредносно. Тие ќе бидат далеку подобро ако нашите политики се на линија со нивните. Ако овде владее правото и има цврсти демократии во шесте земји од Балканот, додаде Димитров.

Одговарајќи на прашање на панел дискусијата околу скептицизмот на некои за земји членки на ЕУ кон проширувањето на Унијата, Димитров посочи дека ако Европа овде тоа не го препознае како шанса да направи нешто, никогаш нема да направи ништо, ни во Сирија, ни во односите со други држави, бидејќи овде кај нас го има најголемото влијание и географски и политички и економски и секакво.

Вицепремиерот истакна дека постои поделена одговорност и задача за двете страни – Унијата се соочува со бројни предизвици за иднината на процесот на европска интеграција, но заложбата во регионот е клучна за зајакнување и на внатрешен план и надворешно, како глобален актер, додека пак земјите од Западен Балкан треба да дадат соодветни аргументи за поддршка на нивното членство низ процесот на европеизација.

ЕУ Западен Балкан Македонија Никола Димитров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.