Дел од најпопуларните платформи за социјално вмрежување – Фејсбук, Инстаграм, ВатсАп и Месинџер „паднаа“ во цел свет.

Според вебс-страницата Даун Детектор (DownDetector), проблемите започнаа околу 16:44 часот по средно европско време и влијаат врз корисниците ширум светот.

Мрежите сè уште се недостапни и нема коментар од компаниите за причините за прекинот.