Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Прелиминарната истрага на филипинската Влада осомничи 154 полицајци кои би можеле да бидат кривично гонети за дела што ги извршиле за време на борбата против дрога на претседателот Родриго Дутерте. Наодите, објавени од секретарот на Министерството за правда, Менардо Гевара доаѓаат неколку недели откако Меѓународниот кривичен суд одобри истрага за убиства на илјадници дилери на дрога по стапување на Дутерте на функцијата во 2016 година. Владата наведе дека нема да соработува со меѓународни судски органи бидејќи Филипините имаат функционален правен систем. Некои активисти за човекови права, сепак, велат дека имало систематско прикривање и погубување на илјадници зависници и дилери кои…
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата попладнево и вечерва со предизборни обраќања, ветувања и промоција на програмата и кандидатите за градоначалници пред граѓаните на општините Могила, Новаци, Демир Хисар и Битола за претстојните локални избори. Храброст е поставување на црвени линии и борба за сопствениот народ и држава, наместо потпишување се што ќе се стави на маса. Тоа што Заев досега го направи за Бугарија, не го направија ниту Љубчо, ниту цар Борис заедно, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хртистијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Битола. Кога Заев вели дека носел храбри одлуки, сите го молиме да не биде храбар, затоа што…
ВМРО-ДПМНЕ најстрого го осудува вандалскиот чин на сквернавење на бистите на Анте Поповски и на Славко Јаневски во Струга. Ваквите сквернавења на споменици и бисти на личности од значење за македонската историја, култура и литература се директно инспирирани од Зоран Заев, кој во изминатиот период покажа негрижа кон истите, но и сам повикуваше и сквернавеше одредени споменици, се вели во реакцијата на опозициската партија. Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека „Заев не ги почитува великаните кои со својот живот и дело се вградиле во колективната меморија на овој народ“. Со реакција за вандалскиот чин во Струга се јави и Тодорче Тасевски, директор…
Во изминатите 24 часа се регистрирани 412 нови случаи на ковид-19 од 3.379 тестови, починале 12 пациенти, а оздравени се 395, соопшти Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем дел од новите 412 случаи на ковид-19 се регистрирани во Скопје – 205, во Куманово – 39, во Кочани – 23, во Кавадарци – 17, во Битола и во Велес – по 15, во Штип – 14, во Прилеп – 13, во Охрид – 12, во Струмица – 7, во Тетово и во Свети Николе – по 6, Кичево, во Гевгелија и во Радовиш -…
Рок за приговори до 8 октомври: Објавени листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје
Објавени се резултатите од Конкурсот за прием на студенти на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2021/22 година, кои се однесуваат на студентите од прва година на студии, а кои аплицирале за сместување во капацитетите во Скопје. Како што информираат од Министерството за образование и наука (МОН), студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Додека, приговори…
Американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнз, придружувана од својот сопруг Лери Скот Гејџ, денеска беше во посета на ЈП „Лајка“. Директорката на ЈП „Лајка“, Тина Петрушевска ја запозна амбасадорката со тековните активности и со долгорочната мисија на претпријатието кое се грижи за благосостојбата на бездомните кучиња на територија на град Скопје. Во рамки на посетата, Брнз ја посети ветеринарната служба на прифатилиштето каде се спроведува хуманиот третман, а исто така во паркот за миленици имаше одлична дружба со дел од кучињата подготвени за вдомување.
Повеќе од 400 продавници на „Лидл“ во Холандија повеќе нема да продаваат цигари и тутун, соопшти денеска германскиот трговски синџир. „Лидл“ е прв трговски синџир кој ги повлекува тутунските производи од понудата, со цел да се „создадат генерации на непушачи“. Се надеваме дека нивниот пример ќе го следат и другите супермаркети, изјави холандскиот министер за здравство Пол Блокхус. Од 2024 година, тутунските производи ќе се продаваат само на бензиски пумпи, специјализирани продавници, трафики и трговски објекти кои поседуваат посебна дозвола. Додека од 2023 година, исто така, ќе биде забранета продажбата на цигари и тутун преку интернет.
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на Меѓународниот ден на стари лица (1 октомври) ги посети Савета Алексова од село Двориште и Параскева Страторска од село Русиново, кориснички на услугата Помош и нега во домот на стари лица. По неколку часови на ден, негувателките се грижат за своите кориснички при облекување, хранење, купување на лекови, околу хигиената во нивните домови, но најмногу од се, видов дека со нивниот ведар дух, пензионерските денови на Савета и Параскева им ги прават повесели. Овие директни позитивни искуства од услугата што ја добиваат се потврда на исправноста на политиките што ги спроведуваме…
Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство (OJO) Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на одговорно лице во правниот субјект „Приватна здравствена установа – Специјална болница по гинекологија, акушерство и ортопедија „Санте плус груп Скопје“, како и против правниот субјект, соопштија од УФП. „Првопријавеното лице во периодот од 2016 година до 2018 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавената здравствена установа, во повеќе наврати извршила исплата на парични средства „во готово” во вкупен износ од 35.097.304 милиони денари по основ на плата и додатоци/бонуси на плата…
Во судир меѓу две ривалски банди во затвор во Еквадор загинаа 116 луѓе, а 80 се повредени што претставува најкрвав биланс во еквадорските затвори во историјата на таа јужноамериканска земја. Најмалку пет затвореници се обезглавени во затворот во градот Гвајакил, додека другите се застрелани, објави денеска британската телевизиска мрежа „Би-Би-Си“. Затворот има конфликтни банди за кои се верува дека имаат врска со мексикански наркокартели и се смета за еден од најопасните затвори во земјата. Локалните медиуми јавуваат дека немирите биле нарачани од моќните мексикански наркокартели кои дејствуваат во Еквадор. https://www.youtube.com/watch?v=ojWsA9HevDQ&t=192s Командирот на полицијата, Фаусто Буенањо рече дека затворениците фрлале гранати…
Турција и Русија размислуваат за зајакнување на одбранбените врски, вклучително и заеднички чекори во проекти за развој на подморници и воени авиони, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јави агенција ДПА. Говорејќи пред новинарите по враќањето од средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, Ердоган рече дека двете земји размислуваат за понатамошен трансфер на технологија. Меѓу плановите е изградба на уште две руски нуклеарни централи во Турција и заедничка работа на платформи за лансирање ракети во вселената, информираше денеска Ердоган. Ердоган и Путин разговараа и за подобрување на соработката во вселенските студии, а Путин предложи заедничко лансирање ракети со…
Германка, која е обвинета за помагање и поддржување на масовни убиства во нацистички концентрационен логор, избега пред почетокот на судењето. Како што пренесуваат германските медиуми, необично е што станува збор за 96-годишната Ирмгард Фурнер, која е обвинета дека била соучесник во убиството на 11.412 луѓе кога имала 18 години, додека била дактилографка во концентрациониот логор Штутхоф во периодот меѓу 1943 година и 1945 година. Обвинета е за бегство. Таа го напуштила својот дом рано утрово со такси, движејќи се во правец на станицата на метрото, изјави портпаролката на судот, Фредерике Милхофер. Нејзината моментна локација е непозната и по неа е…