Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипини: Истрага осомничи 154 полицајци за извршени кривични дела

0
By Sashko on October 4, 2021 СВЕТ
Фото: philstar.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 4, 2021 17:06

Прелиминарната истрага на филипинската Влада осомничи 154 полицајци кои би можеле да бидат кривично гонети за дела што ги извршиле за време на борбата против дрога на претседателот Родриго Дутерте.

Наодите, објавени од секретарот на Министерството за правда, Менардо Гевара доаѓаат неколку недели откако Меѓународниот кривичен суд одобри истрага за убиства на илјадници дилери на дрога по стапување на Дутерте на функцијата во 2016 година.

Владата наведе дека нема да соработува со меѓународни судски органи бидејќи Филипините имаат функционален правен систем. Некои активисти за човекови права, сепак, велат дека имало систематско прикривање и погубување на илјадници зависници и дилери кои не биле кривично гонети.

Полицијата негираше дека направила нешто незаконско, нагласувајќи дека убивала во самоодбрана.

Гевара истакна дека полицијата и судството разгледале 52 случаја, каде осомничените се убиени во, како што наведе полицијата, операции против дрога и тие случаи ќе им бидат предадени на државните истражители за натамошна постапка.

Тој додаде дека уште над 100 случаи ќе бидат разгледани.

Западните медиуми објавија дека 6.200 лица осомничени за трговија со дрога официјално се убиени во акции во кои осомничените се спротивставиле на апсењето.

дрога истрага Кривични дела полицајци Свет Филипини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.