Објавени се резултатите од Конкурсот за прием на студенти на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2021/22 година, кои се однесуваат на студентите од прва година на студии, а кои аплицирале за сместување во капацитетите во Скопје.

Како што информираат од Министерството за образование и наука (МОН), студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до МОН заклучно со 8 октомври 2021 година.

Од МОН дополнуваат дека листите со примени студенти во студентските домови во другите градови ќе бидат објавени во понеделник, 4 октомври 2021 година.