Author: Sashko

Од вкупно 297 кандидати за градоначалник на претстојните локални избори на 17 октомври, независни се 26 или 8,75 проценти. Ова е помалку во споредба со последните избори на кои имаше нешто над 10 отсто независни кандидати. Најмногу независни кандидати за градоначалник имало на локалните избори во 2005 година – над 25 проценти, а најмалку на првите во 1996 година – 7,5 проценти. Независни кандидати ќе има во 18 општини и Градот Скопје или во 22 проценти од вкупно 80 општини. На сите локални избори досега имало барем еден независен кандидат кој добива мандат. Најмногу независни кандидати добиле мандати на локалните…

Read More

Најмалку три лица загинаа, а неколку патници се повредени при излетување на на патнички воз на американската железничка компанија „Амтрак“ од шините во сојузната држава Монтана, соопштија денеска локалните власти. Притоа е наведено дека има повеќе повредени, но оти конечниот број сè уште не е познат, како и причините за несреќата. Во возот кој сообраќал до Сиетл имало околу 146 патници и 16 членови на персонал, соопшти компанијата „Амтрак“.

Read More

Перформансот „Драга Републико“ премиерно ќе биде изведен вечер во 19:30 часот во зградата на Централната пошта во Скопје по што во 21:30 ќе следува концерт на Мухамед Ибраими. Проектот се реализира со поддршка на Владата во рамки на јубилејот 30 години независност. Драга Републико“ е есеј перформанс за објектот на Телекомуникацискиот центар во Скопје, кој е еден од најрепрезентативните модернистички објекти во земјава. Преку повеќемесечен истражувачки процес, перформансот оформи комплексен, интердисциплинарен и поетичен јазик, кој се обидува да ги преиспита причините за товарот на денешницата и последиците од микро и макро скриените или видливи фашизми. Во основата е важноста на…

Read More

Изборната кампања за Локалните избори 2021 што се закажани на 17 октомври ќе почне утре (27 септември) и ќе трае 20 дена. Учесниците на изборите, политичките партии и независните кандидати веќе го најавија почетокот на кампањата, како и активностите што ќе следуваат. Најголем дел од кандидатите за градоначалници и советници веќе имаа неформални средби со граѓани и претставување на своите програми на социјални мрежи. Кампањата завршува на 15 октомври на полноќ. Вториот круг избори ќе се одржи на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 24 часот на 29 октомври. Државната изборна комисија (ДИК), претходно, потврди 303…

Read More

Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирусот во земјава. Вчера беа регистрирани 392 инфицирани лица од 4.633 тестови или околу 8,4 отсто. Претходно тој процент беше над 10. Се намалува и бројот на активни случаи. Ако на почеток на септември во државата имаше над 15.000 активни случаи, сега има 12.240. За претходното деноноќие беа регистрирани и 17 починати, а како што соопшти Министерството за здравство, дополнително во „Мој термин“, пријавени се уште три починати лица во периодот од 12 до 22 септември. Регистрирани сe и 339 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 1.274.003 милиони тестови на ковид-19. Вкупната бројка…

Read More

Историчарот Драги Ѓоргиев, претседател на макeдонскиот тим во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, смета дека изјавата на премиерот Зоран Заев за бришење на придавката „бугарски“ од фашистички окупатор на спомениците и во учебниците е порака до Бугарија дека за историско помирување помеѓу двата народа треба да се разговара. Според Ѓоргиев, вистинските зборови се „простување, но не заборавање“. Кога станува збор за т.н. политики на сеќавање на една нација за своето минато тогаш за носењето решенија за таа политика, сеќавање кое обично се сведува на она што пишува на спомениците и како јавноста го перцепира тоа минато, видено…

Read More

Вицепремиерот Љупчо Николовски во Крива Паланка ја исполни својата граѓанска обврска за попишување заедно со својата сопруга. Како што соопшти владината прес-служба, тој посочи дека пописот е најважната статистичка операција за креирање на ефикасни мерки за исполнување на реалните потреби на граѓаните и за развој на сите региони. Според податоците од Државниот завод за статистика, досега околу 1 милион и 518 илјади граѓани се веќе попишани. -Преку овој процес доаѓаме до прецизни податоци за сите граѓани, за да може да се креираат ефективни мерки кои ќе донесат развој во секое населено место. Затоа упатувам голема благодарност до инструкторите, до реонските…

Read More

Косовскиот премиер Албин Курти, по синоќешните напади на објекти во општините со мнозинско српско население, Зубин Поток и Звечане, за вечерва свика седница на Советот за национална безбедност во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти на прес-конференција попладнево ја обвини Србија дека користи косовски граѓани за да испровоцира сериозен меѓународен конфликт. Кризата во северно Косово, предизвикана од одлуката на Владата на Курти да воведе реципроцитет кон Србија со времените регистарски таблички, во текот на минатото деноноќие се продлабочи, откако засега непознати сторители запалија центар за регистрација на моторните возила во рамки на општинскиот објект во Зубин Поток и…

Read More

Албанската радио-телевизија (РТШ) била нападната од хакери кои побарале 300.000 долари за враќање на архивата. Серверите на РТШ биле нападнати од сè уште неидентификувани лица преку хакерски систем наречен „ransomware“, пред околу две недели. Хакерите успеале да ја шифрираат базата на податоци на државната радио и телевизија, преку онлајн мрежата.Тие побарале 300.000 долари за да го вратат материјалот на албанската радио-телевизија и да го дешифрираат, но РТШ одбила да плати, бидејќи поголемиот дел од базата на податоци за среќа била копирана во офлајн резервна копија, пренесува „Топ чанел“. Според истиот извор, како резултат на овој напад, оштетен е само дел…

Read More

Швајцарците утре на референдум ќе одлучат дали да се дозволат истополови бракови во оваа алпска земја. Таа е едно од ретките држави во Западна Европа каде истополовите двојки сè уште немаат право на легален брак. Швајцарија во 2007 година дозволи граѓанска заедница од ист пол. Владата, која го поддржува референдумот „Брак за сите“, вели дека евентуалното одобрување на предложените измени ќе го изедначи правниот статус на истополовите двојки со оној на хетеросексуалците, што ќе им овозможи да посвојуваат деца, како и да му се овозможи на еден од брачните другари, доколку е странец, да аплицира за швајцарско државјанство. Противниците на…

Read More

Германците утре ќе гласаат за новиот состав на Бундестагот, но и за наследникот на Ангела Меркел, која по 16 години ја напушта функцијата канцелар. Анкетите покажуваат дека ниту еден потенцијален наследник на Ангела Меркел нема убедлива предност меѓу 62 милиони германски гласачи. Кандидати за нов германски канцелар се: Армин Лашет (ЦДУ/ЦСУ) Армин Лашет (60) е лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на, сè уште, актуелната канцеларка Ангела Меркел и премиер на индустриската провинција Северна Рајна-Вестфалија, најнаселениот регион во Германија. Побожен католик, син на рудар, кој подоцна станал учител и пораснал во близина на белгиско-холандската граница, каде што живее и денес. Откако…

Read More

Во Германија, во пресрет на утрешните парламентарни избори, е пуштена во продажба лимитирана серија на златници со ликот на канцеларката Ангела Меркел. Продажната вредност на монетата започнува од 49,95 евра, соопшти колекционерската куќа МДМ. Златникот тежи 0,58 грама чисто злато, примерок 999. Неговата големина изнесува 12,5 милиметри, а тиражот е 5.000 парчиња. На монетата се наоѓа ликот на Ангела Меркел и изгравирана е 2005 година, кога таа ја презеде функцијата канцелар на Германија. Соопштено е дека серијата златни монети е издадена во чест на највлијателната жена во светот.

Read More