Најмалку три лица загинаа, а неколку патници се повредени при излетување на на патнички воз на американската железничка компанија „Амтрак“ од шините во сојузната држава Монтана, соопштија денеска локалните власти.

Притоа е наведено дека има повеќе повредени, но оти конечниот број сè уште не е познат, како и причините за несреќата.

Во возот кој сообраќал до Сиетл имало околу 146 патници и 16 членови на персонал, соопшти компанијата „Амтрак“.