Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Последните предизборни активности во рамки на кампањата за парламентарните избори во Германија се планирани за денеска и утре, јави ДПА. Двајца од кандидатите за канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц и Аналена Баербок од „Зелените“ се упатуваат кон Северна Рајна Вестфалија, најголемата германска провинција и срцето на германската индустрија. Кандидатот на Христијанско-демократската унија, Армин Лашет е во Баварија, јужна Германија, каде се надева дека сестринската партија на ЦДУ, Христијанско-социјалната унија, ќе победи на изборите. Последните настани во рамки на оваа кампања и на Шолц и на Лашет се планирани за утре. Предноста на Лашет над Шолц речиси исчезна за време на кампањата, а…
Холандската полиција приведе девет лица во Ајндховен под сомнение дека подготвувале терористички напад, соопшти холандското Обвинителство. Сите осомничени имаат холандски пасоши и се на возраст меѓу 18 и 31 година. Осум од нив се родени во Холандија, еден во Авганистан. Приведените биле поддржувачи на идеите на терористичката организација ИД, соопшти обвинителството. Лицата биле приведени вчера кога се извршени претреси во голем број домови. Во нив не е пронајдено оружје или експлозив.
Најмалку 100 бензински пумпи на БП се затворени денеска во Велика Британија поради проблеми со испораката на гориво. На некои од нив, како што објавија западните медиуми, недостасувало барем еден вид гориво, а некои сите. Проблемот при испораката на гориво настана поради недостиг на возачи на камиони. Имаме проблеми со полнењето гориво на некои од нашите локации за малопродажба во Велкика Британија, па за жал видовме неколку пумпи што беа привремено затворени поради недостиг на безоловно и дизел гориво, се вели во соопштението на компанијата БП која се извини на потрошувачите за непријатностите. Esso соопшти дека неколку од нивните бензински…
Централната банка на Кина ги прогласи сите трансакции со криптовалути за нелегални и истите ќе бидат забранети. Земјата со тоа испраќа досега најсилен сигнал за својата решителност да ја урне индустријата. Сите криптовалути, вклучително и со биткоин и со етер, двете најголеми, се нелегални и не можат да се дистрибуираат на пазарот“, соопшти Банката на својата интернет страница. Сите крипто-трансакции, вклучително и услугите што ги обезбедуваат преку офшор размена на локалните жители, се нелегални финансиски активности, се вели во соопштението. Оваа најнова директива на Кина ја урна вредноста на биткоинот за 4,4 отсто на 41.889 долари заклучно со денеска попладне,…
Пишува: Борјан Јовановски САД се вклучија активно во одржување на динамиката на европската реформска агенда на Македонија, но и во одржување на кредибилитетот на евроинтеграциските процеси и на европските институции кој е во слободен пад и кој според некои понови истражувања е паднат на едвај 50 отсто доверба на граѓаните. Оваа политичка одлука на Вашингтон ќе се реализира преку Естонија, како една од неколкуте земји членки на ЕУ кои САД ги сметаат за стратешки партнер во трансатланските односи. Станува збор за заеднички проект на американската амбасада во Скопје, естонскиот центар за меѓународна соработка и Секретаријатот за европски прашања (СЕП) на…
Комерцијалната и трговската флота на Кина се очекува двојно да се зголеми во наредните 20 години. Американската компанија „Боинг“ предвидува дека на кинеските авиокомпании до 2040 година ќе им бидат потребни 8.700 нови авиони за да ја задоволат зголемената побарувачка за комерцијални авиони. Проценетата вредност на таквиот потенцијален договор се проценува на 1,47 трилиони долари. Оваа 20-годишна прогноза го одразува закрепнувањето на кинескиот пазар и натамошниот развој на деловните модели на авиокомпаниите. На својата официјална интернет страница „Боинг“ објавува прогнози за Кина, како дел од прогнозата на трговскиот пазар за 2021 година и долгорочната прогноза на компанијата за побарувачката за…
Најмалку пет милиони луѓе во Јемен се наоѓаат на раб на глад, а уште 16 милиони ги чека истата судбина, бидејќи хуманитарната криза во земјата излегува од контрола, пишува „Гардијан“. Експертите велат дека ситуацијата во Јемен, земја опустошена од граѓанска војна, „брзо се влошува“, а Светската програма за храна (ВФП) изразува сериозна загриженост за бројот на луѓе кои ќе се соочат со глад во наредните недели и месеци. Според извршниот директор на WFP, Дејвид Бисли, синџирите на снабдување во земјата се стопирани, а цените на храната „скокаат“. Со оглед на цените на храната и недостатокот на гориво, тоа е катастрофално.…
Условите под кои меѓународната заедница е подготвена да ја признае новата авганистанска влада не се прифатливи за радикалното талибанско движење, изјави заменик министерот за информации и култура, Забихула Муџахид. Условите за признавање на нашата влада, предложени од меѓународната заедница, се неприфатливи и го кршат меѓународното право, истакна Муџахид. Тој нагласи дека талибанците „се обидуваат да воспостават блиски дипломатски односи со други земји врз основа на меѓусебно почитување“, додавајќи дека радикалното движење „ги повикува ОН да најдат заеднички јазик за дипломатска соработка“. Според него, „признавањето на новата влада е право за нив и за целиот авганистански народ“. Муџахид, исто така, нагласи…
Високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Башеле предупреди за сериозно кршење на човековите права на воената власт во Мјанмар и ја повика меѓународната заедница да стори повеќе за да спречи ескалација на конфликтот, објави „А Њуз“. Националните последици се ужасни и трагични, регионалните последици исто така можат да бидат длабоки, истакна Башеле. Таа нагласи дека „меѓународната заедница мора двојно да ги зголеми напорите да ја врати демократијата и да спречи поширок конфликт пред да биде предоцна“.
Кинескиот производител на вакцини „Пекинг Вантаи“ од следниот месец планира да почне големо тестирање врз кандидати на вакцина против ковид-19, што ќе биде во форма на спреј за нос. Според податоците објавени вчера во кинескиот регистар на клинички испитувања, компанијата има намера да ангажира 40.000 возрасни волонтери за третата фаза од клиничкото испитување. На возрасните лица во рок од две недели би им се дале две дози од потенцијалната вакцина „Пекинг Вантаи“ или плацебо. Во регистарот не се наведува во кои земји ќе биде спроведено истражувањето, но се вели дека етичкиот комитет на Филипините ја одобрил студијата, отстранувајќи ги пречките…
Американската агенција за заштита на животната средина (ЕПА) денеска донесе правило за намалување на употребата на стакленички гасови што се користат во фрижидери и климатизери за 85 проценти во следните 15 години, потег што може да помогне за преполовување на емисиите на стакленички гасови во оваа деценија. Правилото има за цел да ја искорени употребата на хидрофлуоројаглеводороди (ХФЦ) за 85 проценти во апаратите за домаќинство и го спроведува законот усвоен со двопартиска поддршка на Конгресот минатата година. Ова ќе ги доведе САД во согласност со амандманот Кигали на протоколот од Монтреал, глобален договор за намалување на ХФЦ што САД сè…
Брисел се меша во изборната кампања за претстојните избори за Долниот дом на чешкиот Парламент што треба да се одржат на 8 и 9 октомври, изјави премиерот Андреј Бабиш во интервју за електронското издание „Парламенталисти“. Брисел се меша во нашата изборна кампања, за која не треба да зборува. Ова не е нивна работа. Ние сме слободна и суверена држава, рече Бабиш. Европратеници од чешките опозициски партии вршат притисок врз Европската комисија да интервенира во чешките внатрешни работи, додаде премиерот. Бабиш ги критикуваше активностите на потпретседателката на ЕК за транспарентност, Вера Јурова, која му даде инструкции на своето политичко движење АНО…