Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД преку Естонија ја спасуваат европската реформска агенда на Македонија и кредибилитетот на ЕУ

0
By Sashko on September 23, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 23, 2021 17:41

Пишува: Борјан Јовановски

САД се вклучија активно во одржување на динамиката на европската реформска агенда на Македонија, но и во одржување на кредибилитетот на евроинтеграциските процеси и на европските институции кој е во слободен пад и кој според некои понови истражувања е паднат на едвај 50 отсто доверба на граѓаните. Оваа политичка одлука на Вашингтон ќе се реализира преку Естонија, како една од неколкуте земји членки на ЕУ кои САД ги сметаат за стратешки партнер во трансатланските односи.

Станува збор за заеднички проект на американската амбасада во Скопје, естонскиот центар за меѓународна соработка и Секретаријатот за европски прашања (СЕП) на Владата на Северна Македонија кои лансираат „трипартитно партнерство“ за обезбедување на техничка поддршка и помош од Естонија и нејзините ефикасни институции за поддршка на целокупниот развој на Северна Македонија и нејзините цели за зачленување во Европската Унија. Еден од првите проекти ќе биде дигитализација на институциите и развивање на дигиталниот идентитет, процес кој во Естонија успешно се реализира уште од 2005 година по што оваа земја стана една од најразвиените во ЕУ во сферата на дигитализација. Осумнаесетмесечната почетна фаза од проектот, кој официјално започнува на утре, на 24 септември, е финансиран преку грант од 250.000 долари од САД и 100.000 долари од Естонија.

Демократска и просперитетна Северна Македонија е од геостратешки интерес за САД. Соединетите Американски Држави се надеваат да негуваат односи меѓу двете земји кои, настрана од дигитализацијата, ќе ѝ дадат на Владата на Северна Македонија извор на совети и насоки додека продолжува со правењето на реформи. Оваа иницијатива може да обезбеди основа за двете земји да соработуваат во други клучни сектори, како што се младите, цивилното општество и приватниот сектор, велат од американската амбасада.

Американската дипломатија на овој начин на многу конкретен начин ја демонстрира заложбата на новата американска администрација за ангажманот на САД во Европа. Ваквата нивна одлука уследи по блокадата на Бугарија која реално не наиде на посериозен отпор од ниту еден позначаен фактор во ЕУ.

Меркел својот 16-годишен мандат го заврши доследна на партиските програми на нејзината ЦДУ во која проширувањето на ЕУ кон Балканот никогаш не доби свое место и остана на заложбите на, како што се вели во партиската понуда и за престојните избори во Германија, градење блиски врски со соседите на ЕУ меѓу кои и со Западниот Балкан.

Макрон и неговата администрација се уплашени од напливот на екстремната десница во Франција, па проширувањето на ЕУ не им паѓа на памет. Велика Британија, која доследно ја бранеше европската агенда на Балканот, повеќе не е на масата во Брисел поради што бугарското вето мина во повеќе наврати со безначителни отпори.

Во овие сложени констелации во кои ЕУ се врати во времето кога Кисинџер цинично ѝ се обрати барајќи да му кажат кој е телефонскиот број на Европа за да знае кај да ја најде, САД свесни за последиците од ваквата криза во ЕУ за стабилноста на Балканот се ангажираат во обид да ја спасат кредибилноста на европските интеграциски процеси. Во таа смисла може да се толкува и изјавата на новиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи Габриел Ескобар кој упати јасна порака до официјална Софија за тоа дека билатерлниот спор не смее да влијае врз мултилатерална ситуација која, како што вели Ескобар, ги загрижува и САД.

Ваквата решителна постапка на официјален Вашингтон не би требало да се разбере во Македонија како бланко подршка, туку напротив како дополнителен притисок од американската администрација да се продолжи по патот на реформите и, пред сè, ефикасната борба против корупцијата.

Агенда Дигитализација Естонија ЕУ Македонија реформи САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 21, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

ВЕСТИ July 21, 2026

Иран денес ја предупреди Бугарија да не им дозволува на САД да ја користат нејзината…

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

July 20, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.