Author: Sashko

Лидерите на земјите во развој, на Генералното собрание на ОН предупредија дека правењето на залихи на вакцини против ковид-19 во богатите земји овозможува развој на нови варијанти на коронавирус и дека инфекцијата повторно зема замав. Филипини, Перу, Гана и многу други земји порачаа дека солидарноста не успеала, а генералниот секретар на ОН ја нарече нерамномерната распределба на вакцината „бесрамна“. Богатите земји ја складираат вакцината, додека сиромашните ја добиваат со лажичка, рече филипинскиот претседател Родриго Дутерте. Според него, „ова е шокантно и мора да се нарече со вистинското име – себичност која не е ниту оправдана ниту морална“. Околу 35 проценти…

Read More

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж – опоравување од ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“. Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е претседателот Пендаровски да има средба со генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш, како и билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание. Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет,…

Read More

На улица „Македонија“ во центарот на Скопје денеска ќе се одржи традиционалната манифестација Денови на македонскиот мед. Манифестацијата се одржува 17. година по ред, во организација на пчеларското здружение „Матица“. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат, но и да купат различни видови на мед и други пчелни производи од наши, македонски пчелари, а ќе добијат, ако сакаат, и совети како да се препознае квалитетен, вистински мед. Манифестацијата е финансиски поддржана од МЗШВ, а ќе ја отвори министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Read More

Oпштините ќе добиват секоја година повеќе средства, но од 2024 година. Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера најави предлог-измени на Законот за финансирање на општините со кои ќе се подобри нивниот фискален капацитет и ќе се зголемат приходите преку постепен раст на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход. Согласно проекциите, со предвидените 3 отсто од данокот на личен доход, средствата за општините сега изнесуваат 600 милиони денари. Дополнителните 3 отсто, согласно Фискалната стратегија и планираните приходи, во 2024 година средствата за општините ќе изнесуваат 1,562 милијарди денари, односно 781 милион денари повеќе. По основ на дотација од…

Read More

Откако Државната изборна комисија (ДИК) го утврди редоследот на учесниците на гласачкото ливче за претстојните локални избори, најдоцна до денеска на полноќ треба да биде објавена и единствената листа на кандидати. Според Роковникот на Комисијата ждрепката за утврдување на Единствената листа на кандидат/и ДИК ќе ја одржи најдоцна денеска. ОИК/ИКГС утврдената единствена листа на кандидат/и ќе ги огласи најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите во сите населени места и на избирачките места во општината. Утврдените листи на кандидат/и во општините во кои најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се објавуваат…

Read More

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи и неговиот колега од Филипини, Теодоро Л. Локсин, потпишаа Заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји, соопшти МНР. Ваквиот чекор ги потврдува заложбите на Република Северна Македонија за градење на пријателски односи и за воспоставување партнерства и со географски оддалечени земји. Отворањето на ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји нуди дополнителни можности за промоција на економските и трговските врски, како и зајакнување на досегашната успешна соработка на мултилатерално ниво, истакна министерот Османи. Чинот на официјализирање на пријателството меѓу Република Северна Македонија и Република Филипини, што…

Read More

Во организација на Институтот ОХРИД, денеска ќе се одржи традиционалното потпишување на Декларација за фер, слободни и демократски избори меѓу претседателите на подмладоците на политичките партии. Со овој чекор, како што наведува Институтот, подмладоците на политичките партии ќе покажат заложба за спроведување на слободни, фер и демократски избори, како и за достоинствена и фер предизборна кампања, а воедно ќе ја искажат својата решителност да се борат против говорот на омраза и да промовираат намалување и отстранување на говорот на омраза во општеството. Потпишувањето на оваа декларација ќе пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека младите политичари како идни носители…

Read More

Времето претпладне, особено на север и на исток од земјата, ќе биде променливо облачно. Во попладневните часови ќе преовладува сончево време. Преку ден ќе дува умерен, вдолж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно, а потоа облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Read More

Врховниот суд на денешната јавна седница, како неосновани, ги одби жалбите на поранешниот генерален секретар на Владата, а сега обвинет Драги Рашковски. -Врховниот суд на Република Северна Македонија, на ден 22.09.2021 година по одржана јавна седница по предметот Вкж1.бр.31/2021, донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбите на обвинетиот Д.Р. од Струмица, изјавена преку неговиот бранител и на обвинетиот Д.С. од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, а обжаленото решение на Апелациониот суд Скопје, КСЖ.бр.456/21 од 01.09.2021 година го потврди, се наведува во соопштението објавено на веб страната на Врховниот суд.

Read More

Поранешните југословенски кошаркарски репрезентативци Владе Дивац, Тони Кукоч и покојниот Дражен Петровиќ се вброени меѓу легендите на НБА лигата. Спроти почеток на јубилејната 75 сезона во најсилната светска кошаркарска лига, на официјалниот сајт на натпреварувањето е претставена листа од 110 најистакнати кошаркари кои, како што се наведува, придонеле НБА да стане водечки глобален спортски и медиумски бизнис. Листата на најголеми НБА ѕвезди ја предводат Мајкл Џордан, Лари Бирд, Карим Абдул Џабар, Коби Брајант и други големи имиња, вклучувајќи ги и Арвидас Сабонис и Јао Минг.

Read More

Англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул најави дека идната недела ќе почнат градежни работи на зголемување на капацитетот на стадионот „Енфилд Роуд“, кој од сезоната 2023/24 ќе може да прими 61.000 гледачи или 7.000 повеќе отколку досега. „Енфилд“ со тоа би требало да стане трет најголем стадион во Премиер лигата, по „Олд Трафорд“ на Манчестер јунајтед и „Хотспар“ на Тотенхем. Ливерпул оваа пролет доби дозвола од градскиот совет и од станарите во соседството на „Енфилд“ за извршување на градежни работи.

Read More

Американскиот инвестициски фонд „777 Partners“ за сума од 150 милиони евра стана нов сопственик најстариот италијански фудбалски клуб Џенова, во чии редови настапува Горан Пандев. Италијанските медиуми објавија денеска дека американската компанија и претседателот на Џенова, Енрико Презиоси постигнале договор и многу скоро ќе биде објавено и официјално соопштение во врска со зделката. „777 Partners“ е приватна инвестициска компанија со седиште во Мајами. Основана е во 2005 година, а во нејзиното портфолио имаат и малцински удел во шпанскиот прволигаш Севилја. Џенова е формирана на 7 септември во 1893 година и најстар е фудбалски клуб во Италија. За Џенова од 2015…

Read More