Англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул најави дека идната недела ќе почнат градежни работи на зголемување на капацитетот на стадионот „Енфилд Роуд“, кој од сезоната 2023/24 ќе може да прими 61.000 гледачи или 7.000 повеќе отколку досега.

„Енфилд“ со тоа би требало да стане трет најголем стадион во Премиер лигата, по „Олд Трафорд“ на Манчестер јунајтед и „Хотспар“ на Тотенхем.

Ливерпул оваа пролет доби дозвола од градскиот совет и од станарите во соседството на „Енфилд“ за извршување на градежни работи.