Времето претпладне, особено на север и на исток од земјата, ќе биде променливо облачно. Во попладневните часови ќе преовладува сончево време. Преку ден ќе дува умерен, вдолж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.

Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, а потоа облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне до 20 степени.