Американскиот инвестициски фонд „777 Partners“ за сума од 150 милиони евра стана нов сопственик најстариот италијански фудбалски клуб Џенова, во чии редови настапува Горан Пандев.

Италијанските медиуми објавија денеска дека американската компанија и претседателот на Џенова, Енрико Презиоси постигнале договор и многу скоро ќе биде објавено и официјално соопштение во врска со зделката.

„777 Partners“ е приватна инвестициска компанија со седиште во Мајами. Основана е во 2005 година, а во нејзиното портфолио имаат и малцински удел во шпанскиот прволигаш Севилја.

Џенова е формирана на 7 септември во 1893 година и најстар е фудбалски клуб во Италија. За Џенова од 2015 година настапува рекордерот по бројот на настапи во македонскиот дрес и најдобар стрелец на сите времиња, Горан Пандев.