Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот дуел на ТВ Канал 5 изнесе целосно неточна информација дека анкетата на „Брима“, објавена денеска од медиум, била платена од владини пари на јавен тендер, соопшти владината прес-служба. Не постои јавна набавка за анкетата, односно истражување на јавното мислење на „Брима“, ниту, пак, таа е платена со пари на граѓаните. Ваквите лаги се неодговорно однесување кон јавниот интерес и имаат за цел да и наштетат на Владата доведувајќи ги граѓаните во заблуда и поткопувајќи ја довербата во институцијата, се вели во соопштението. Од Владата бараат Христијан Мицкоски да се извини на граѓаните…
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев е убеден дека пописот успешно ќе заврши, наспроти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој смета дека има проблеми. Ние пописот ќе го спроведеме и тоа е разликата меѓу сегашната и власта на ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев. Мицкоски му врати дека во 2011 година, кога пописот беше прекинат, на власт беше и сегашниот владин коалициски партнер ДУИ. Пописот овојпат ќе успее. Досега се попишани преку 1,1 милион граѓани, а ни остануваат упте десетина дена. Наспроти тврдењето на опозицијата и на Мицкоски дека ќе има масовна зараза, го докажавме спротивното. Докажавме дека и за време на…
Премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во ТВ дуелот на Канал 5 повикаа на масовна вакцинација на населението. Сега има доволно вакцини и треба сите да поттикнеме масовна вакцинација, секако, кај граѓаните коишто сакаат тоа да го направат и секако колективното здравје да го заштитиме – тоа е одговорна политика. Дајте да бидеме поодговорни, барем ние политичарите за да поттикнеме поголема одговорност, заради тоа што тоа е единствениот пат да ја совладаме оваа проклетија од пандемија која за жал однесе многу човечки животи и само на тој начин да се вратиме во нормалното, нагласи Заев.…
„Вие сте вознемирен затоа што шест пати губите избори, а ќе изгубите и седми пат затоа што играте на политичко профитерство и се обидувате да злоупотребувате се“, кажа премиерот Зоран Заев на ТВ дуелот со Христијан Мицкоски на Канал 5. Премиерот додаде дека Владата покажа способност да обезбеди дополнителни болнички капацитети за да не ни се случи Италија. Ние постоиме за да им служиме на граѓаните, спасени се илјадници човечки животи со модуларните болници, додека вие несериозно се поставувате кон државата. Гледате како политички да профитирате од се, дури и од оваа трагедија, кажа Заев. Тој додаде дека дуелот станува…
„Вие сте станале истражител, ги коментирате сите детали и од ракав тропате работи кои се далеку од секоја можна вистина. Но, не е мое, ниту на нас политичарите да коментираме делови од истрагата. Помина времето кога бевте и извршител и судија и обвинител“ му кажа премиерот Заев на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на дуелот на ТВ Канал 5. Тој додаде дека изградбата на модуларните болници е според закон и дека се спроведени сите правила и правни прописи. Во еден период имавме по 750 пациенти во тие модуларни болници и тие спасија животи. Да бидете толку политички ориентирани за пуста…
Народот препознава дека ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува трагедијата во Тетово за политички цели. Никогаш не реков дека е банално да одговараме на прашањата за трагедијата. Банално е да се прашува дали има некој што може да го замени Заев во СДСМ. За трагедијата ќе одговараме и зборуваме колку што е потребно, рече премиерот Зоран Заев на дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ Канал 5. Само вам ви личи да имате толку голема желба за власт што се обидувате политички да профитирате од се. Вие сте станале истражител, ги коментирате сите детали, од ракав тропате работи кои се далеку…
Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска се сретнаа со средба со претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска. Како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, целта на денешниот состанок беше да се претстават пред оваa комисија измените и новите закони за висока раководна служба, за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници со цел да се исполнат препораките од проектот „Проценка на ранливоста од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ дуел на Канал 5 со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев рече дека за трагедијата во Тетово, освен морална, ќе мора да има и кривична и политичка одговорност. Тој обвини дека Заев, како лидер на СДСМ и премиер, и министерот Филипче одамна го поминале италијанското сценарио. Модуларната болница била пуштена во употреба без соодветен документ, поради што 14 лица ги загубија животите. Ако некој во Владата и малку има грижа на совест, истакна Мицкоски, тогаш не само што нема да размислува, туку веднаш ќе ги прифати оставките и тоа е првата…
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот тв дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ Канал 5 го осуди барањето и постојаното инсистирање на опозицијата за оставка на министерот за здравство Венко Филипче, нагласувајќи дека е мотивирано единствено од желба за власт и собирање политички поени. Потврди и дека за пуштање на модуларната болница во употреба биле исполнети сите законски предуслови. За такви објекти, истакна, се прави примопредавање, не се дава употребна дозвола. Оставките се поднесени од морални причини, а одговорноста кај Владата и Министерството за здравство е голема. Сакам да ги знам деталите од истрагата,…
Ги чекаме извештаите на домашните истражители и на германските форензичари и тие ќе бидат инпут во конечната одлука за (не)прифаќање на оставките на министерот и на заменик министерот за здравство и на директори на Клиничкиот центар во Тетово, истакна премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот ТВ дуел со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на тема „Трагедија во Тетово – одгоровност или политички поени“. Во Тетово нѝ се случи страшна трагедија, огромна загуба. Оставките се поднесени од морални причини, но сакам да ги знам деталите од истрагата на домашните и на странските експерти пред носење на конечната…
Подигнување на квалитетот на услугите во предучилишното образование и грижа што треба да доведе до поголеми образовни постигнувања, личен развој и социјална вклученост на децата, беше тема на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со експертскиот тим кој работи на Проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“, финансиран во рамите на Акција 4 „Образование, вработување и социјална политика“ од Акциската програма на ИПА 2017. Министерката Шахпаска оцени дека врвен приоритет е да се обезбеди најдобриот модел, со кој ќе се унапреди квалитетот на предучилишното образование на децата, преку унапредување на квалитетот на стручниот …
Две кандидатури за градоналници на Струга и на Охрид и советнички листи за општините Тетово, Кичево, Струга, Врапчиште, Зелениково и Ѓорче Петров се одбиени од Државната изборна комисија (ДИК). Како причини се наведуваат ненавремено поднесување или недостатоци од формален карактер. Имињата на кандидатите и нивната партиска припадност засега остануваат тајна, освен што од ДИК истакнаа дека се работи за кандидати и листи на помали партии. Во трка за 45-те места во Советот на Град Скопје ќе влезат 15 политички парии, коалиции и граѓански движења, соопшти денеска ДИК. Опозициската ВМРО ДПМНЕ на претстојните локални избори ќе излезе со 62 кандидати, СДСМ со…