Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТВ дуел на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – Заев: Тропате глупости; Мицкоски: Неспособни сте

0
By Sashko on September 20, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 20, 2021 19:27

Ги чекаме извештаите на домашните истражители и на германските форензичари и тие ќе бидат инпут во конечната одлука за (не)прифаќање на оставките на министерот и на заменик министерот за здравство и на директори на Клиничкиот центар во Тетово, истакна премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот ТВ дуел со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на тема „Трагедија во Тетово – одгоровност или политички поени“.

Во Тетово нѝ се случи страшна трагедија, огромна загуба. Оставките се поднесени од морални причини, но сакам да ги знам деталите од истрагата на домашните и на странските експерти пред носење на конечната одлука. Станува збор за министер и заменик министер кои дадоа голем придонес во досегашниот тек на пандемијата на ковид-19 што сè уште не е завршена и со која ќе се соочуваме и во наредниот период, рече Заев.

Мицкоски возврати дека трагедијата во Тетово, во која загинаа 14 човечки животи, е резултат на неспособноста на надлежните и со лошото менаџирање на системот.

Ги слушнавте ли криците на тие луѓе што гореа во Тетово? – Тие отишле по здравје, а ги вратија во поинаква состојба. Премиерот треба да ги прифати оставките, возврати Мицкоски.

На тоа, Заев му реплицира на Мицкоски дека е „срамота да се користи тетовската трагедија во функција на политички поени“.

Не може некој да жали повеќе, некој помалку, рече првиот човек на СДСМ и македонската Влада.

Премиерот притоа објасни за производството на модуларните контејнери, за причината поради која биле поставени (избегнување на италијанско сценарио), итн. Лидерот на опозицијата, пак, ги спомена измените на Законот за градење од 24 ноември во 2020 година и побара одговори за начинот на кој се поставени модуларните контејнери и забележа дека наместо употребна дозвола, биле подигнати со решение за примопредавање, запраша дали имало елаборат за нивно поставување, план за противпожарна заштита, итн. и на крајот побара одговорност.

Заев на тоа „испали“ кон Мицкоски дека „тропа глупости од ракав“, дека модуларните контејнери биле поставени целосно законски, а непотребата од употребна дозвола ја образложи дека објектите биле од времен карактер.

Зоран Заев Македонија модуларна болница пожар ТВ дуел Тетово Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.