Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот дуел на ТВ Канал 5 изнесе целосно неточна информација дека анкетата на „Брима“, објавена денеска од медиум, била платена од владини пари на јавен тендер, соопшти владината прес-служба.

Не постои јавна набавка за анкетата, односно истражување на јавното мислење на „Брима“, ниту, пак, таа е платена со пари на граѓаните. Ваквите лаги се неодговорно однесување кон јавниот интерес и имаат за цел да и наштетат на Владата доведувајќи ги граѓаните во заблуда и поткопувајќи ја довербата во институцијата, се вели во соопштението.

Од Владата бараат Христијан Мицкоски да се извини на граѓаните и на Владата за, како што велат, ваквата груба лага.