Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев тврди дека пописот ќе биде успешен, Мицкоски вели има проблеми

0
By Sashko on September 20, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 20, 2021 20:57

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев е убеден дека пописот успешно ќе заврши, наспроти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој смета дека има проблеми.

Ние пописот ќе го спроведеме и тоа е разликата меѓу сегашната и власта на ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев.

Мицкоски му врати дека во 2011 година, кога пописот беше прекинат, на власт беше и сегашниот владин коалициски партнер ДУИ.

Пописот овојпат ќе успее. Досега се попишани преку 1,1 милион граѓани, а ни остануваат упте десетина дена. Наспроти тврдењето на опозицијата и на Мицкоски дека ќе има масовна зараза, го докажавме спротивното. Докажавме дека и за време на КОВИД оваа статистичка операција може да се спроведе. Народот е одговорен, се почитуваат сите мерки и протоколи. Попис може да се реализира ако се сака. Тоа е големата разлика меѓу оваа и власта на ВМРО-ДПМНЕ која не успеа да спроведе попис, истакна Заев.

Според Мицкоски, апликацијата континуирано изминатите 15 дена паѓаше.

Пописот има многу проблеми и тоа Заев го знае. Апликацијата континуирано изминатите 15 дена паѓаше и попишувачите на терен не можеа да ја користат 24 часа. Тоа е факт, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски се осврна и на Левица.

Од една страна го имате Зоран Заев кој вели ќе има попис и повикува на попис, од друга страна ги имате Левица кои работат активно за да не успее пописот. Што е заедничко помеѓу едните и другите. Пред Нова година Заев одговарајќи на едно прашање на претседателот на таа политичка партија, постави контра прашање дали е точно или не дека му обезбедил логистика и финансиски средства за да работат против ВМРО-ДПМНЕ и дека му било ветено дека ако освојат пратеници ќе ги поддржуваа политиките на СДСМ, рече Мицкоски.

На тоа Заев му врати дека го потценува народот.

Зарем мислите дека ќе ви помине тезата дека СДСМ тајно со Левица го блокира попсиот? Не се обидувајте да го потцените народот, денес се е јавно и транспарентно. Не зборувајте невистини. Сите знаеме кој соработува со Левица, кои се радикални структури, вие и јавно ги повикавте на коалиција, на соработка. Одлучете се за пописот сте или против, за уставното име сте или против? Конечно, треба да имате одговорни политики, му порача Заев на Мицкоски.

Во врска со дијаспората, Заев потенцира дека важат стандардите на ЕВРОСТАТ.

Сите тие се наши граѓани, имаат државјанство и сите влегуваат во пописот само јасно се разграничува: кои се резиденти, кои се нерезидентни, рече премиерот и лидер на СДСМ.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги признае резултатите од пописот, Мицкоски не одговори конкретно.

Како можеме да признеме нешто што не сме виделе? Допрва има период кога ќе се вкрстува тоа со базите на податоци. За една година од сега ќе излезат тие пподатоци. Но, првата контрола ќе бидат локалните избори и фингер принт терминалите, истакна опозицискиот лидер.

На тоа Заев рече дека ВМРО-ДПМНЕ ветиле дека ќе ги признаат резултатите.

Зоран Заев Македонија попис ТВ дуел Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.