Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Поранешниот фински претседател и добитник на Нобелова награда во 2008 година, Марти Ахтисари се повлече од јавниот живот поради борба со Алцхајмеровата болест, соопшти неговата канцеларија. Осумдесет и четири годишниот политичар се повлекува од сите јавни обврски, се наведува во соопштението. Тој добивал секојдневна медицинска грижа во својот дом, а во некои случаи заминувал и на болничко лекување. Во соопштението се додава дека неговото семејство инсистирало да се почитува неговото право на приватност. Ахтисари, кој беше претседател на Финска од 1994 до 2000 година, ја доби Нобеловата награда за мир во 2008 година за неговите напори како посредник во решавањето…
Ковид-19 покоси цело семејство во тетовско. Мајка, татко и ќерка починаа како последица на коронавирусот. Тројцата не побарале лекарска помош иако, и онака, биле во тешка здравствена состојба, односно имале коморбидитети. Се претпоставува дека семејството се заразило на некоја свадба или при групирање за некоја друга семејна прослава. Минатата недела во домашни услови во тетовско починаа три лица од исто семејство. Ќерката била на возраст од 36 години и имала тешки гинеколошки проблеми. Нејзините родители, пак, исто така, се бореле со тешка форма на болести. Таткото имал карцином, а мајката била со кардиомиопатија. Но и покрај тоа, не се обратиле…
Пакистан привремено го затвори клучниот граничен премин Чаман со Авганистан, јави агенцијата ДПА. Мерката доаѓа во услови на зголемен прилив на бегалци кои бегаат од талибанската власт во нивната земја. Министерот за внатрешни работи на Пакистан рече дека одлуката се однесува на граничниот премин Чаман, но не прецизира колку долго ќе се затвори границата. Преминот Чаман ја поврзува југозападната провинција Балучистан во Пакистан со Спин Болдак во авганистанската провинција Кандахар, упориште на талибанците. Илјадници бегалци секој ден ја минуваат границата преку Чаман, откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан минатиот месец. Пакистан, дом на 2,7 милиони авганистански бегалци кои побегнаа…
Талибанците се подготвуваат денеска да ја објават својата влада. Претставник на движењето, Ахмадула Мутаки, напиша на социјалните мрежи дека се подготвува церемонија во претседателската палата во Кабул. Се очекува главниот водач на талибанците, Хаибатулах Ахунџада да има неограничена моќ над новиот управен совет. Под него во хиерархијата се очекува да има претседател. Но, во новата влада нема да има жени на министерските функции. Претставникот на радикалното движење Забихула Муџахид во интервју за весникот „Ла Република“ рече дека во Авганистан нема да има министерки, но дека тие ќе можеле „да работат во министерства, во полиција или во судскиот систем како помошници“.…
Не сите Авганистанци имаа среќа да стигнат до место во авион до последниот лет од меѓународниот аеродром во Кабул, откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан. Оние, пак, кои останаа во земјата што е разорена од четиридецениската граѓанска војна, решија да си ја пробаат среќата преку копнените граници. Неверојатните снимки кои доаѓаат од Авганистан укажуваат на епски обем на егзодус на локалното население кое бега во правец на запад. Речиси библиски снимки на масовна миграција се снимени во пустината на место каде се вкрстуваат границите на Авганистан, на Пакистан и на Иран. На нив се гледа бесконечна река од луѓе…
Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Артим Шакири е нов тренер на Шафхаузен, објави швајцарскиот второлигаш на својот официјален сајт. Му посакуваме топло добредојде на Артим во Шафхаузен и многу радосни моменти и успех во неговиот нов дом, соопшти швајцарскиот клуб. Шакири (48) доаѓа на местото на поранешниот швајцарски репрезентативец Мурат Јакин, а Шафхаузен ќе биде петти клуб во неговата тренерска кариера по тетовска Шкендија, албанските Кукс и Фљамуртари и Пемброк од Малта.
Брат ми ми купи бурка, а јас во солзи ги запалив моите фармерки и моите надежи. Вака почнува исповедта на млада Авганистанка за британски „Гардијан“ по првиот ден од враќањето на власт на талибанците, додека од пустината на границата со Пакистан и Иран доаѓаат библиски снимки на егзодус, реки од луѓе кои бегаат од домовите по повлекувањето на американските војници на 31 август. Младата Авганистанка, која се претстави со лажно име како Арифа Ахмади, раскажува дека првиот ден под талибанска власт го запалила нејзиниот џинс и друга гардероба што новите властодршци веројатно нема да ја одобрат. Таа е дел од…
Во моментот нема „итна потреба“ за дополнителна доза на вакцина против ковид-19 кај општата популација, потврди синоќа Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). Во техничката белешка, ЕЦДЦ препорачува дополнителни дози или „засилувачи“ за луѓе со ослабен имунолошки систем, во согласност со ставот на СЗО. Според сегашните сознанија, нема итна потреба за дополнителни дози кај целосно вакцинирани лица, се вели во соопштението на ЕЦДЦ, додавајќи дека „приоритет е да се вакцинираат оние кои не ја завршиле вакцинацијата“. Но, „дополнителните дози за луѓе со сериозно ослабен имунолошки систем треба да се земат предвид како дел од нивната вакцинација доколку…
Израел регистрира најголем број на нови случаи на коронавирус за едно деноноќие од почетокот на пандемијата, иако бројот на сериозни случаи продолжи да се намалува во услови на зголемен интензитет на вакцинирање со трета доза, објавија израелските медиуми. Податоците на тамошното Министерство за здравство покажуваат дека во текот на изминатото деноноќие се регистрирани 11.187 новозаразени лица, што е зголемување за 1.755 заразени лица во споредба со претходниот ден. Досегашниот рекорд за време на пандемијата беше во регистриран во понеделникот со 11.140 заразени за 24 часа. Истовремено, бројот на тешките случаи се намалува трет ден по ред. Вкупно 666 пациенти се…
Неколку часа по полноќ, во населба во јужниот дел на Атина, во сообраќајна несреќа загина популарниот 34-годишен грчки рапер Питер Анастасопулос, познат под уметничкото име Mad Clip, јави дописничката на МИА од Атина. Несреќата се случила откако возилото што го управувал, најверојатно поради големата брзина, излетало од патот и удрило во бандера и дрво. Ударот бил толку силен, што според грчките медиуми, противпожарната служба околу два часа се обидувала да го извлече телото од возилото. Според синоќешните објави на неговите официјални профили на социјалните мрежи, пред несреќата Mad Clip бил на свадба кај негов пријател и близок соработник. Роден во…
Поранешниот светски првак во Формула 1, Финецот Кими Раиконен (41) синоќа преку социјалните мрежи потврди дека на крајот од актуелната сезона ќе ја заврши својата 20-годишна кариера. Раиконен дебитираше во Формула 1 во 2001 година, а својот најголем успех го постигна шест години подоцна кога во болидот на Ферари ја освои титулата светски првак. Финецот ќе ја заврши кариерата во тимот на Алфа Ромео, а во досегашните 344 трки во Светскиот шампионат во Формула 1 забележа 21 победа и 18 пати ја освојуваше пол-позицијата. „Тоа е тоа. Ова ќе биде мојата последна сезона во Формула 1. Ова е одлука, која…
Министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) денеска ќе имаат средби во Словенија, на кои ќе разговараат за голем број теми, вклучувајќи ја и безбедносната и хуманитарната криза во Авганистан по повлекувањето на меѓународните трупи. Министрите за одбрана ќе се фокусираат на тековните безбедносни предизвици и Стратешкиот компас на ЕУ, клучен воен концепт кој се обидува да обезбеди поголема стратешка автономија за Унијата, jaви агенцијата СТА. Се очекува да стане збор и за прашањето за европски сили за брза реакција од 5.000 војници, откако неодамна високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна…