Author: Sashko

Татко на тинејџерка во САД на Редит сподели дека ја натерал својата ќерката да ја избричи главата. Поранешната сопруга била многу вознемирена поради таквата родителска постапка, но тој тврди дека имал добра причина за таква казна – девојката исмејувала болна соученичка од рак. Мојата поранешна сопруга и јас имаме 16-годишна ќерка. Имам старателство над неа, бидејќи мојата сопруга се пресели кај нејзиното ново семејство. Го спомнувам ова зашто не се консултирав со мојата сопруга пред мојата постапка и таа сега ме осудува мене. Мојата ќерка неодамна ѝ се потсмеваше на соученичка која ја загубила косата поради лекување од рак. Таа…

Read More

Околу два милиона вработени во ресторани и другите услужни места во Париз од денеска ќе мора да покажат доказ за вакцинација, негативен ПЦР тест или доказ за прележан ковид-19 при појавување на работното место. Мерката е дел од напорите на француската Влада за борба против пандемијата на коронавирус. Јавноста е веќе должна да ја прикаже истата документација за посета на ресторани и на туристички локации. Речиси 72 процента од Французите примиле прва доза на вакцина, а над 64 проценти се целосно вакцинирани, додека малцинството се противи на вакцинацијата и од јули одржува неделни протести низ целата земја. Франција е на…

Read More

Владите на ЕУ мора да работат на создавање на европски сили за брза реакција за да бидат подобро подготвени за идни кризи како оваа во Авганистан, изјави високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел. Во интервју објавено денеска, Борел за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ рече дека повлекувањето на американската војска од Авганистан по брза постапка, покажа дека ЕУ мора да ги засили напорите за изградба на заедничка одбранбена политика. Мора да извлечеме поуки од ова искуство. Како Европејци не можевме да испратиме 6.000 војници на аеродромот во Кабул за да ја обезбедат областа. САД можеа,…

Read More

Шпанските фудбалски екипи од денеска не смеат да рекламираат обложувалници и казина на своите дресови, а пет прволигашки екипи сè уште не успеаја да најдат заменски спонзори, иако веќе се одиграа три кола од новата сезона. Реал Сосиедад, Алавес, Кадиз, Гранада и Мајорка влегоа во новата сезона без спонзори на своите дресови. Фудбалерите на Кадиз изминатиот викенд за последен пат истрчаа на теренот со жолти дресови на кои беше испишано името на филипинската обложувачница „Dafabet“. Баравме правен начин, сепак, да го задржиме тоа име на нашите дресови, но, сепак, ќе мора да пронајдеме заменски спонзор. Веројатно ќе успееме во тоа,…

Read More

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо (36), кој во петокот го напушти Јувентус, претпладнево во Лисабон ги мина задолжителните медицински прегледи и ги договори личните услови за двегодишен договор со Манчестер јунајтед, јавија британските медиуми. Од Манчестер јунајтед, засега, нема официјална потврда дека Роналдо потпишал нов договор со клубот за кој играше од 2003 до 2009 година. Британските медиуми шпекулираат дека вредноста на трансферот на Роналдо од Јувентус во Јунајтед изнесува 15 милиони евра и може да порасне за дополнителни осум милиони евра во зависност од бонусите.

Read More

Над две третини од повратниците од одмор од Западен Балкан се позитивни на коронавирус, соопшти австриската Агенцијата за здравство и безбедност на храна (АГЕС). Најголем број случаи „увезени“ се од Северна Македонија, дури 866, а во споредба со ситуацијата од пред две недели, тоа е зголемување за 477, пренесува српскиот портал „Дневник“. Од Косово има исто така зголемен број „увезени“ случаи од 253 на 799. Следи Турција, од каде 662 случаи беа увезени во Австрија. На врвот на листата на земји на потекло е и Хрватска со 683 случаи Во 31 -та календарска недела, беа регистрирани 5.888 инфекции со коронавирус,…

Read More

Словенечкото претседателство со Европската Унија (ЕУ) за утре во Брисел свика вонреден состанок на министрите за внатрешни работи за ситуацијата во Авганистан. Сакаме да ја координираме позицијата на ЕУ за одговор на потенцијалното влијание на ситуацијата во Авганистан врз мигрантската и безбедносната состојба во ЕУ, рече словенечкиот министер за внатрешни работи, Алеш Хојс, кој ќе претседава со утрешниот состанок. Словенечкото претседателство ќе се обиде да усвои заедничка изјава на министрите за внатрешни работи на ЕУ на состанокот. Целта е, исто така, да се развие сет мерки што ќе помогнат да се спречи повторување на сценариото од 2015 година, кога земјите-членки…

Read More

Војската на САД утре треба да се повлече од Авганистан, земја во која ќе остави оружје и воена опрема во вредност од 85 милијарди долари, напиша на синот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Твитер. „Воена опрема во вредност од 85 милијарди долари ќе биде оставена на талибанските терористи. Тоа значи дека секој Американец, маж, жена, дете, придонел со околу 265 долари за нивната терористичка кауза, врз основа на фактот дека САД е дом на околу 320 милиони луѓе. Браво, демократи“, напиша Трамп јуниор, придружувајќи ја пораката со табела на американскиот ревизорски суд, која укажува на бројот на специфично…

Read More

Турција денеска го одбележува Денот на победата, а по тој повод се организирани голем број на специјални настани низ целата земја и во дипломатските мисии, јавува агенцијата „Анадолија“. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе го предводи државниот врв на церемонија во комплексот „Аниткабир“, мавзолејот на основачот на модерната Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, во Анкара. Денот на победата во Турција се одбележува во спомен на битката по која беше прогласена модерна Република Турција. Предводени од војсководачот и основач на модерната Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк турските сили на денешен ден пред 99 години, остварија голема победа во битката кај Думлупинар,…

Read More

Вкупно 47 лица, според грчката полиција, беа приведени за време и по синоќешнио протест во Атина против вакцината и против задолжителната имунизација, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштуваат дека на протестот, организиран преку социјалните мрежи, учествувале околу 7.500 лица, а како што вчера објави МИА демонстрациите пред грчкиот Парламент завршија со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови со вода. Инцидентите започнаа кога демонстрантите почна кон полицијата да фрлаат предмети и шишиња на што специјалните сили одговорија со солзавец и шок бомби, а тензијата од пред Парламентот се пренесе и по околните…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа во изјава за француската телевизија ТФ1 нагласи дека дијалогот со талибанците не значи нивно признавање. Овој дијалог е неопходен поради евакуација. Талибанците го контролираат Кабул и територијата на Авганистан, па затоа мора да водиме разговори. Но, тоа не значи дека ги признаваме. Ние ги утврдивме условите за нив, изјави Макрон. Според Макрон, условите наметнати на талибанците се однесуваат на почитување на човековите права и „достоинството на авганистанските жени“. Макрон во саботата потврди дека Франција почна преговори со талибанците за хуманитарни операции и продолжување на евакуацијата од Авганистан. 

Read More

Неколку ракети беа испукани рано утрово кон меѓународниот аеродром во Кабул, но беа пресретнати од американски противракетен систем, изјави неименуван американски претставник за западни медиуми. Според него, биле испукани пет проектили, но тој не прецизира дали американската армија ги соборила сите. Тој додаде дека според првичните извештаи, нема жртви меѓу американските државјани. САД се наоѓаат во завршна фаза на евакуација, бидејќи утре истекува рокот за повлекување на американските војници од Авганистан.

Read More