Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Независната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва на Фејсбук објави дека ги собрала потребните потписи за нејзината кандидатура. Таа упати благодарност на скопјани за потписите, побара поддршка од сите граѓани и партии и истакна дека влегува во оваа трка со чисто срце и јасна визија. Денешниот ден го завршуваме со собрани потписи за мојата кандидатура. Ви ветувам дека заедно ќе го направиме градот метропола со која ќе се гордееме. За Скопје од нас, за наше Скопје. Време е за брзи и ефикасни решенија за нашиот град, бидејќи сите сакаме да живееме во убав град, вели Арсовска. Секоја…
На одделот за интензивна нега при Универзитетската клиника за кардиохирургија, постепено се опоравува пациентот на кој му беше трансплантирано срце во средата, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Тој на својот фејсбук профил истакна дека е задоволен од завршената операција и се заблагодари на хуманоста на семејството на починатата донорка. Благодарение на хуманоста на фамилијата и гестот на починатата донорка, сега тој е во нова надеж за подобро здравје. Му посакувам брзо враќање во секојдневните навики и рутини, а пред сè, успешно оздравување, стои во објавата. Трансплантацијата на срце што беше извршена завчера е петта во државава.
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рече денеска дека би можел да остане во клубот и во следните пет години и на тој начин се огради од изјавата што ја даде на бразилскиот економски форум. Шпанецот пред група бразилски инвеститори во средата изјави дека ќе му треба одмор по 2023 година кога ќе му истече договорот со Сити, по што би сакал да предводи јужноамериканска репрезентација. „Не размислувам да заминам по две години. Можам да заминам и по два месеца доколку резултатите не бидат добри или клубот не е задоволен од мојата работа. Можам да заминам за два месеца или…
Американските вооружени сили можат привремено да сместат до 50.000 евакуирани Авганистанци во нивните бази во САД, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана, Џон Кирби. Претходно, вооружените сили соопштија дека капацитетот е повеќе од 20.000 луѓе. Приемот на дополнителни Авганистанци сега е возможен, бидејќи војската отвора уште три бази за да прими евакуирани лица, рече Кирби. Тоа се претежно поранешни авганистански вработени во американските вооружени сили и нивните семејства. Тие првично ќе бидат сместени во воени бази додека американските власти детално ги обработуваат нивните апликации за виза.
Италијанскиот дипломат, кој служеше како висок цивилен претставник на НАТО во Авганистан, соопшти дека ја напушта земјата од аеродромот во Кабул. Си заминувам од Кабул со тешко срце. Моја благодарност до сите сојузници и партнери на НАТО за масовните напори за евакуација од Авганистан и покрај сите предизвици. НАТО одигра клучна улога во извлекувањето на илјадници луѓе и посветен е да ги доведе другите на безбедно место, напиша Стефано Понтекорво на Твитер. И Авганистанците и странските државјани со сите сили се обидуваат да го напуштат Авганистан пред крајниот рок на 31 август. Талибанците ја презедоа контролата врз земјата претходно овој месец.
Талибанците ослободија илјадници затвореници во Авганистан кои американските војници ги предадоа на локалните власти пред да заминат, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. „Немам точна бројка, но очигледно е дека бројката достигнува илјадници, ако се земат во предвид двата затвора што беа заземени и уништени од талибанците, рече тој на прашањето за бројот на активисти на терористички групи кои се на слобода.
Во Фудбалската федерација на Македонија денеска со ждрепка беа одредени двојките за шеснаесетфиналето од националниот Куп. Академија Пандев и Силекс, како финалисти од ланското издание во најмасовното клупско натпреварување, одат директно во осминафинале поради бројот на пријавени тимови за денешното извлекување. Двојки за шеснаесетфинале во фудбалскиот Куп Детонит – Македонија Ѓорче Петров Победа – Вардар Кит Го – Шкендија Беса Добридол – Скопје Локомотива – Охрид Гостивар – Ренова Љуботен – Пелистер Кораби – Беласица Њу Старс – Борец Слога Виница – Работнички Новаци 2005 – Тиквеш 1930 Саса Каменица – Струга Воска – Брегалница Велешта – Шкупи Во шеснаесетфиналето…
Манчестер јунајтед потврди дека се договори со Кристијано Роналдо за сензационален кам-бек на „Олд Трафорд“, откако раководствата на „црвените ѓаволи“ и на Јувентус нашле заеднички јазик за трансфер на Португалецот. Петкратниот освојувач на „Златната топка“, според англиските медиуми, се очекува да потпише двегодишен договор под услов да добие виза и да ги мине задолжителните лекарски прегледи. Јунајтед, пак, се согласи првично да ѝ плати два милиони евра на „старата дама“ плус до три милиони евра како бонуси. Манчестер сити, до петокот, се чинеше како најверојатна следна дестинација во кариерата на Роналдо, меѓутоа по 48 часовните разговори на неговиот агент Мендеш,…
Министерот за животна средина Насер Нуредини оствари средба со постојаниот координатор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во државава, Нарине Сахакјан. Нуредини во објава на Фејсбук информира дека на средбата разговарале за напредокот и приоритетните активности на проектот за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион. Проектните активности имаат за цел да направат фундаментална промена во начинот на кој се постапува со ризикот од поплави во Полошкиот регион, кој се смета за најранлив во земјата по ова прашање. Во оваа насока, изразив подготвеност за мобилизирање на повеќе финансиски средства од Владата на РСМ за реализација за сите…
По добивањето на коментари и сугестии од дебатата за Националната стратегија за ИКТ, се подготвува информацијата за наредната владина седница, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири. Како што соопшти МИОА, Шаќири порачува дека „иднината на нашето општество е тесно поврзана со технологијата и затоа паралелно со процесот на дигитализација се грижиме и за сајбер безбедноста“. Министерот Шаќири нагласува дека ќе се зајакне улогата на Националниот Центар за одговор на компјутерски инциденти МКД-ЦИРТ, како дел од Дигиталната агенција, која ќе се формира преку нацрт-законот подготвен од МИОА. Овој Центар ќе биде координатор на сите други локални центри…
Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин „Табановце“, времето на чекање за излез од државата е меѓу 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти вечерва АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница…
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска оствари работна средба со Џанг Ѕуо, амбасадор на Кина во Република Северна Македонија. Бочварски ја искористи приликата да се заблагодари на амбасадорот за досегашниот придонес во делот на економската соработка меѓу двете земји. Ковид-кризата ги погоди сите земји и затоа упатувам апел и поддршка за уште поголема меѓусебна соработка со цел подигање на трговската размена на повисоко ниво, истакна Бочварски. На крајот на средбата, амбасадорот лично му врачи поканата на министерот за претстојната конференција „Second United Nations Global Sustainable Transport Conference“ која ќе се одржи од 14-16 октомври во Пекинг.