Талибанците ослободија илјадници затвореници во Авганистан кои американските војници ги предадоа на локалните власти пред да заминат, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

„Немам точна бројка, но очигледно е дека бројката достигнува илјадници, ако се земат во предвид двата затвора што беа заземени и уништени од талибанците, рече тој на прашањето за бројот на активисти на терористички групи кои се на слобода.