Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Американскиот претседател Џо Бајден и шпанскиот премиер Педро Санчез се договорија две воени бази во јужна Шпанија да се користат за прием на Авганистанци кои работеле за американската Влада, јави денеска шпанската Влада. Во синоќешниот телефонски разговор, Бајден и Санчез се согласиле дека базите во близина на Севилја и Кадиз ќе се користат за бегалци од Авганистан, додека не се договори нивното заминување во други земји, пренесуваат британските медиуми. Санчез синоќа на Твитер напиша дека имал конструктивен разговор со претседателот Бајден за прашања од заеднички интерес, а особено за ситуацијата во Авганистан и соработката во евакуацијата на граѓаните од таа…
Аеродромот во Кабул ќе биде затворен на 48 часа поради евакуација на сите оние кои веќе се наоѓаат на негова територија, пренесе агенцијата „Хама прес“, повикувајќи се на Стејт департментот. Пред аеродромот во исто време се собрани неколку илјади лица, кои сакаат да ја напуштат земјата. Талибанците соопштија дека во наредните неколку часа имаат намера да ја подобрат ситуацијата и да ја олеснат постапката за напуштање на воздушното пристаниште што е под контрола на американската армија. Отворањето на патот за излез од аеродромот во Кабул е неопходно за да се почитува законот и редот, изјави портпаролот на талибанците. Талибанските милитанти…
Времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20 степени, максималната ќе достигне од 29 до 37 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени. Времето до вторник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура. Во среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи и засилен…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин„ Табановце“, времето на чекање за излез од државата е околу 45 до 60 минути, додека на останатите гранични премини, нема подолго задржување за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта, информираат од АМСМ, се одвива непречено по наместа влажни коловози.
Австралија ќе се придржува до стратегијата за карантин против коронавирусот се додека најмалку 70 проценти од населението не биде целосно вакцинирано, но и потоа ќе мора да почне да живее со вирусот, рече денеска премиерот Скот Морисон. Земјата вчера постави рекорд со 914 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број на новозаразени, додека јужните и источните држави Нов Јужен Велс, Викторија и главниот град Канбера останаа под строг карантин, пренесуваат британските медиуми. Не можете да живеете во карантин засекогаш, мора да го промените тоа во одреден момент, и тоа се случува кога 70 проценти од населението е вакцинирано,…
Вакцината „Зидус Кадила“, или ZyCoV-D, користи дел од генетски материјал од вирусот кој дава инструкции како ДНК или РНК за да се направи протеинот на кој имунолошкиот систем реагира. Индискиот регулатор за лекови издаде одобрение за итна употреба на „Зидус Кадила“ против ковид-19, прва светска ДНК вакцина против инфекцијата, за возрасни и деца на возраст над 12 години. Одобрувањето дава поттик за програмата за вакцинација во Индија која има за цел да ги имунизира сите возрасни до декември, бидејќи земјата сè уште се бори за спречување на ширењето на вирусот во некои држави. Вакцината „Зидус Кадила“ користи дел од генетски…
Бача Бази, термин што буквално значи „игра со деца“ на јазикот дари, еден од официјалните во Авганистан, е драматичен феномен што ги погодува момчињата на возраст од 7 до 18 години кои ги облекуваат во женска облека и од нив се бара да играат пред богатите луѓе кои ги купуваат или киднапираат со цел да станат нивни „предмет“ за сексуално вознемирување. Родени во сиромашни семејства, облечени и нашминкани како жени, тие се принудени да танцуваат до крајот на детството за да ги забавуваат богатите возрасни луѓе кои ги дрогираат и силуваат. За жал, момчињата кои трпат ваков најлош вид на…
Јамајканската атлетичарка Илејн Томпсон победи на трката на 100 метри на митингот во рамки на Дијамантската лига во Јуџин со второ најдобро време во историјата на оваа спринтерска дисциплина. Томпсон патеката ја мина за 10,54 секунди. Актуелниот светски рекорд за жени изнесува 10,49 секунди, поставен во 1988 година од Американката Флоренс Грифит-Џојнер. На неодамнешните Олимписки игри во Токио, Томпсон освои злато на 100 метри со олимписки рекорд од 10,61 секунди.
Одлуката на американскиот претседател Џо Бајден за повлекување на американските војници од Авганистан за поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер е трагична, опасна и непотребна. Во контроверзен коментар на својот сајт за исходот од трагедијата во Авганистан, тој тврди дека кризата покажала оти Велика Британија ризикува да биде исфрлена во втората лига на глобалните сили. Во нападот врз Бајден поради ненадејното повлекување на американските војници, Блер пишува дека е очигледно оти одлуката за напуштање на Авганистан не е стратешка, туку политичка. Не требаше да го правиме тоа, ние го избравме. Го направивме во согласност со имбецилниот политички слоган за…
Австрискиот канцелар Себастијан Курц повеќе не сака неговата земја да дава заштита на бегалците од Авганистан и покрај тоа трансферот на власта во Кабул, јави ДПА. Не сум за тоа дека треба да примиме уште луѓе во Австрија, туку токму спротивното, рече Курц во интервју за телевизискиот канал ПУЛС 4, што ќе се емитува подоцна денеска. Со примени над 40.000 Авганистанци, Австрија е дом на втората по големина авганистанска заедница во ЕУ во однос на сопственото население. Австрискиот канцелар постојано го отфрла приемот на уште Авганистанци. Нема да има такво нешто под моето канцеларство, рече Курц. Тој, исто така, се…
Поранешниот НБА-играч Ламар Одом верува дека употребата на дрога значително ја намалила неговата спортска кариера. Да бидам искрен, мислам дека ако не беа дрогите, јас уште ќе играв кошарка. Ова го велам бидејќи јас навистина никогаш немав проблеми со долните екстремитети, што обично ја скратува кариерата на играчот. Сé уште можам да трчам и да скокам, можеби не толку брзо или високо како кога имав 19 години, но сепак можам, изјави 41-годишниот Одом. Во 2015 година, Одом претрпе 12 мозочни удари и 6 срцеви удари, наоѓајќи се на работ на живот и смрт. Кошаркарот помина 14 сезони во НБА (1999-2013).…
Британската армија соопшти дека седум авганистански цивили загинале во големата турканица во близина на аеродромот во Кабул во хаосот што настана, откако жителите почнаа да бегаат од талибанците кои ја презедоа контролирата врз владата. Американските медиуми наведуваат дека околу аердромот е настаната општа турканица, а имало и повредени, особено кога талибанците пукале во воздух, со цел да ги избркаат луѓето што сакале да се качат на секој авион што го полетува од Кабул. Британското Министерство за одбрана во денешното соопштение наведува дека „условите на терен остануваат многу предизвикувачки, но дека Велика Британија останува посветена да стори сé што е можно…