Author: Sashko

Авганистанската Влада денеска изрази загриженост поради бруталните напади на талибанците врз градовите, што доведе до воени злосторства, кршење на човековите права и хуманитарна катастрофа во земјата. Министерството за надворешни работи на официјалната веб-страница наведува дека Владата на Исламската Република Авганистан, заедно со меѓународната заедница, изразува сериозна загриженост поради бруталните напади на талибанците врз градовите. Авганистанскиот преговарачки тим, предводен од претседателот на Високиот совет за национално помирување, д-р Абдула, во средата присуствуваше на продолжениот состанок на „тројката“ на кој учествуваа и претставници на Русија, на САД, на Кина и на Пакистан во Доха, и експлицитно ги наведе барањата на авганистанскиот народ…

Read More

Американскиот експерт за заразни болести и медицински советник на претседателот Џозеф Бајден, Ентони Фаучи рече дека трета доза на вакцината против коронавирус во САД ќе се препорача за оние лица со послаб имунолошки систем. Препораката ќе се однесува на веќе вакцинирани лица со ослабен имунолошки систем поради трансплантација на органи, рак или други болести. Одобрување за третата доза ќе даде Федералната администрација за лекови, изјави тој за „Ен-Би-Си“. Фаучи додаде дека одлуката за трета доза за другите вакцинирани ќе биде донесена откако ќе се испита колку долго трае имунитетот. Тој додаде дека засега нема потреба од дополнителни дози за луѓе…

Read More

Бројот на мигранти кои илегално влегуваат во Европската Унија (ЕУ) преку Западен Балкан годинава нагло се зголеми, соопшти денеска „Фронтекс“, додавајќи дека мнозинството се лица од Сирија и од Авганистан. Од јануари до јули, „Фронтекс“ регистрира 22.600 мигранти кои илегално влегле во ЕУ преку Западен Балкан, што претставува зголемување од дури 90 проценти во однос на истиот период лани. Нивниот број во јули беше за 67 проценти поголем отколку во истиот месец во 2020 година, се додава во соопштението на „Фронтекс“. Мигрантите, исто така, илегално влегуваат во ЕУ преку Белорусија, од каде се упатуваат кон Полска и балтичките држави. Од…

Read More

Далеку сме од вистинската форма и далеку од онаа енергија што е потребна за Вардар да биде она што е. Можеби ова е добро предупредување, има уште многу за игра, изјави Веселин Вујовиќ, тренер на ракометарите на Вардар, по поразот од Еурофарм Пелистер во Суперкупот на Македонија. Вујовиќ кажа дека нема забелешка за победата на Еурофарм Пелистер и дека ова е прв натпревар кој ги очекува од многуте во новата сезона. Ќе се потрудиме да смениме некои работи, но некои играчи ќе мора добро да се замислат дали ќе можат да го носат дресот на Вардар, посочи тој и дополни…

Read More

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов попладнево оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз. Целта на средбата, како што информираат од ЦУК била претставувањето на тимот од Шумската служба на САД, што како поддршка од УСАИД на националните напори за справување со шумските пожари, во наредните две недели ќе пружи поддршка на субјектите и на ЦУК на стратешко и на тактичко ниво, но и ќе се програмираат активности за понатамошна соработка. Од ЦУК потенцираат дека амбасадорката Брнз остварила и средба со членовите на Главниот штаб за управување со кризи, којшто е во…

Read More

Еурофарм Пелистер го освои годинешниот ракометен Суперкуп на Македонија, откако вечерва го совлада Вардар со 31:22. Вардар тргна подобро и на почетокот од натпреварот имаше предност, меѓутоа битолчани успеаја да останат во мала негатива што до полувреме успеаја да ја анулираат во целост и на одмор да заминат со 14:14. Тимот од Битола имаше доминација и постојана висока предност во второто полувреме и со многуте одбрани на голманот Секељ успеа да дојде до убедливо водство кое ги однесе до победа. Ова е прв трофеј за Еурофарм Пелистер со кој се прекинува долгогодишната традиција на Вардар како освојувач на Суперкупот.

Read More

Адаптација на пакетот мерки што ги определи Владата за работењето на угостителските објекти, е барањето што Општина Охрид ќе го достави до властите по денешната средба на охридските угостители со градоначалникот Константин Георгиески и претставници на Локалната самоуправа. Угостителите од Охрид се на став дека најновите мерки за заштита од ковид-19 не се добро осмислени, како и оти оставаат неодговорени прашања за начинот на кој ќе се одвива нивното работење по 16 август. Денешната средба беше реализирана на барање нa угостителскиот еснаф и ХОТАМ (хотелска асоцијација на Македонија). Очекувавме повеќе одговори од Државниот пазарен инспекторат, но за жал тие биле…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по на места влажни коловози со умерен интензитет. На граничниот премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на сообраќајот и времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница…

Read More

Секторот за внатрешни работи (СВР Битола) – ОВР Прилеп до прилепското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лице од Прилеп поради постоење на основано сомневање дека предизвикал пожар во прилепското село Дабница, соопшти попладнево МВР. – СВР Битола-ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп вчера поднесе кривична пријава против  Е.М.(34) од Прилеп, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Имено, на 06.08.2021 околу 06:15 часот во м.в. Дабница, прилепско, во близина на споменикот, тој бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп, поради постоење основи на…

Read More

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со појава локален пороен дожд, грмежи, засилен ветар и услови за изолирана појава на невреме со град. Нестабилното време ќе се задржи и во вечерните часови, локално во форма на невреме. Во текот на ноќта ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен северен ветар, информираат од УХМР. Утре сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветар од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени, а максималната од 31…

Read More

Во земјава пристигнаа експерти за високоризични пожари од Франција, од Црна Гора и од САД, информираше денеска на прес-конференција портпаролот на Центарот за управување со кризи, Илија Бојаровски. Тој нагласи дека со француксите експерти имале конструктивна средба и тие веднаш стапиле во акција. Ги однесовме на лице место од тло да го видат пожарот во село Ласкарци, а потоа веднаш по половина час им беше овозможено и од воздух да го разгледаат теренот, за потоа да се организира состанок во Противпожарната Бригада во Скопје, на кој што беа разгледани можности, како, кој методи и кој тактики да се преземат бидејќи…

Read More

Осумдесет и седумгодишен скопјанец вчера со огнено оружје го убил својот 59-годишен син во скопската населба Аеродром, соопшти поладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Вчера во 19:32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на улица „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје со повреди од огнено оружје биле пронајдени Б.Д. (87) и В.Д. (59), татко и син, двајцата од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле пиштол и неколку чаури. Лекар од Итна медицинска помош кај В.Д. констатирал смрт, додека Б.Д. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, се наведува во соопштението…

Read More