Author: Sashko

Пишува: Аделина Марку И најавата за боди камери за да се снима работата на јавната администрација, но и дискурсот на премиерот Заев дека корумпираниот трет ешалон на јавната администрација е токму тој што треба да се стигматизира како лесно злоупотреблив – не се случајни, нели. Секако дека нема да се потрудам да ги декодирам сомнежите или пак убедувањата на премиерот Заев, бидејќи не умеам со дебелата површност на лошиот или добриот брокер на еден политичар, но затоа имам свое мислење. По мое, во прашање е соочувањето со одолговлечениот системски проблем на/со/во јавната администрација кај нас. Или без тривијалитетни објаснувања -…

Read More

Најмалку едно лице загина во пожар во близина на туристичкиот град Манавгат во Анталија, Турција, соопштија властите. Според „Си-Ен-Ен“, лекарска помош досега побарале 62 лица. Десет лица се заробени во шумскиот пожар што втор ден беснее во јужна Турција, соопшти денеска турскиот министер за земјоделство, Бекир Пакдемирли, додека продолжуваат напорите за спасување и гасење. Пожарот, кој вчера изби поради пеколните температури во регионот, брзо се рашири од силниот ветар и се уште не е целосно ставен под контрола. Администрацијата на Анталија истакна дека ова е најсилниот пожар со кој се соочиле. Пакдемирли рече дека 82-годишен маж е пронајден мртов за…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ, за време на дводневниот престој во Скопје во рамки на меѓународниот Економски форум за соработка во регионот, се сретна и со легендата на Вардар и на Црвена звезда, Дарко Панчев. Вучиќ од средбата со Панчев објави фотографија на Инстаграм на која напиша „со македонската и југословенска легенда Дарко Панчев. Чест ми е што можев да сретнам голем шампион“.

Read More

Словенија продолжи со импресивните игри на олимпискиот кошаркарски турнир во Токио, совладувајќи го во второто коло домаќинот Јапонија со 116:81. По стартната победа над Аргентина (118:100), „змајчеки“ повторно ги предводеше нивната НБА ѕвезда Лука Дончиќ, кој за 26 минути минати на паркетот постигна 25 поени, додавајќи и седум асистенции и исто толку скока. Словенија во последното трето коло во рамки на групата Ц ќе игра против Шпанија, која попладнево за противник ја има Аргентина.

Read More

Двајца атлетичари во скок со стап го завршија настапот на Олимписките игри уште пред да почнат натпреварите на стадионот во Токио поради позитивни тестови на коронавирус, а неколку членови на австралискиот тим се во изолација. Како што јавија светските медиуми, олимпиското натпреварување во скок со стап ќе биде посиромашно за двократниот светски првак Сем Кендрикс, како и за аргентинскиот натпреварувач Герман Чиаравилјо. Неколку членови на австралискиот тим, кои биле во контакт со Кендрикс, завршија во изолација како мерка на претпазливост. – Членовите на австралиската делегација се изолирани во своите соби по веста за позитивен наод на ковид-19 кај американскиот атлетичар,…

Read More

Земјотрес со јачина од 8,2 степени по Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на американската држава Алјаска. По земјотресот активирана е тревога за можно цунами. Силниот потрес е регистриран на околу 91 километар југоисточно од Перивил, Алјаска и се случи околу 22:15 часот по локално време вчеравечер, соопшти Американскиот геолошки завод. Земјотресот е регистриран на длабочина од 46,7 км. и се смета за плиток. Плитки земјотреси се оние што се случуваат на длабочина до 70 километри. По првичниот, следуваа уште најмалку два силни потреси, со магнитуда од 6,2 степени, односно 5,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти геолошкиот завод. Националниот центар…

Read More

И покрај малите подобрувања, вклучително и реновирање на едното крило на истражниот оддел на Затворот Скопје и затворањето на три проблематични крила на затворот „Идризово“, Комитетот на Советот на Европа за спречување на тортура и нехуман или понижувачки третман или казна (КПТ), во најновиот извештај објавен во Стразбур, констатира дека сè уште има проблеми во врска со условите за живот во затворите, јавува дописникот на МИА. КПТ врз основа на „ад хок“ посета на земјата од 7 до 9 декември во 2020 година забележа тесни, нехигиенски услови за притвор во таканаречената единица „амбуланта“, во крилата со затворен режим на затворот…

Read More

Поради силните пожари кои се проширија во регионот на Анталија, Турција, министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја одложи официјална посета на Анкара, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Од МНР, како што соопштија вчера, дека со тага се следи ситуацијата со пожарите на територијата на пријателска Турција, со поддршка за тековната масовна противпожарна акција со надеж дека што поскоро да успее да ја стави состојбата под контрола.

Read More

Кошаркарската НБА лига објави дека новата 2021/22 сезона ќе почне на 19 октомври, а финалната серија за шампионскиот прстен би требало да заврши најдоцна до 19 јуни во 2022 година. Четири дена подоцна, на 23 јуни, треба да се одржи драфтот. Идентично како и во минатата сезона, во која шампионската титула ја освои екипата на Милвоки, повторно ќе се игра т.н. „плеј ин“ во кој тимовите ќе разигруваат за пласман во плејофот. јавија американските медиуми. Шесте најдобри екипи од секоја конференција ќе обезбедат директен пласман во разигрувањето за титулата, додека по четири екипи (пласирани од 7. до 10. место) ќе…

Read More

Кинеските пливачки го освоија златниот медал во штафетната трка на 4×200 метри слободен стил со нов светски рекорд, испливувајќи ја патеката со време од 7:40:33 минути. Резултатот на Јунксуан Јанг, Нихан Танг, Јуфеи Жанг и Бингџи Ли е за 1,17 секунди побрз од досегашниот рекорд што го постави Австралија на Светското првенство во Гвангжу пред две години. Сребрениот медал го освоија Американките, кои, исто така, пливаа побрзо од светскиот рекорд, додека бронзениот медал и припадна на штафетата на Австралија. Во „кралската“ дисциплина на 100 метри слободен стил кај мажите, триумфираше Американецот Калеб Дресел со време од 47:02 секунди, што е…

Read More

„Шаховницата“ ќе биде подлога на сите кованици на хрватското евро, мапа на Хрватска ќе има на монетата од две евра, куната на монетата од едно евро, ликот на Никола Тесла ќе биде на еврокованиците од 50, 20 и 10 центи, а мотив од глаголицата ќе има на кованиците од пет, две и еден цент. Ова беше одлучено на денешниот состанок на Националниот совет за воведување на еврото во Хрватска, пренесува index.hr. Коментирајќи го влијанието што еврото ќе го има на платите и цените, гувернерот на Народната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ рече дека досега се покажало оти во сите земји,…

Read More

Шумски пожар избувна денеска околу пладне во градот Сиде, во близина на Анталија. Огнените јазли почнаа да се шират во шума, недалеку од Анталија, а поради близината на туристичките места, во хотелите нема струја и вода. Како што пренесуваат медиумите, две села се целосно изгорени, а евакуацијата на населението е во тек. Сè уште не е познато дали има жртви.

Read More