Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комитет при Советот на Европа: Нови критики за условите во македонските затвори

0
By Sashko on July 29, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 29, 2021 09:25

И покрај малите подобрувања, вклучително и реновирање на едното крило на истражниот оддел на Затворот Скопје и затворањето на три проблематични крила на затворот „Идризово“, Комитетот на Советот на Европа за спречување на тортура и нехуман или понижувачки третман или казна (КПТ), во најновиот извештај објавен во Стразбур, констатира дека сè уште има проблеми во врска со условите за живот во затворите, јавува дописникот на МИА.

КПТ врз основа на „ад хок“ посета на земјата од 7 до 9 декември во 2020 година забележа тесни, нехигиенски услови за притвор во таканаречената единица „амбуланта“, во крилата со затворен режим на затворот „Идризово“ и нереновираните крила на затворот „Скопје“.

Извештај што е објавен со одговор на Владата, го критикува „анахрониот“ пристап кон третманот на притворениците во затворот во Скопје (затворени во своите ќелии 23 часа на ден, без ништо да прават и им се одбиваат контактите со нивните деца), без „намерни“ активности за осудени затвореници во затворот „Идризово“ и неквалитетна здравствена заштита што се нуди поради неподготвеноста на Министерството за здравство да преземе поголем „стратешки пристап“ во неговото работење.

Едно од клучните прашања на кое постојано се навраќа КПТ е недостаток на транспарентност во управувањето со затворите, со загриженост за назначувањето на раководни лица во затворот, што останува врз основа на политичка припадност, а не на способноста за извршување на така комплексна задача.

КПТ ги повикува властите да воспостават јасна хиерархија меѓу управата на затворот и директорите на затворите и да воспостават повеќегодишна програма за почетни активности и обука на вработените во затворот и да ги засилат напорите за борба против феноменот на корупција на персоналот и фаворизирање преку специфични мерки.

Извештајот нагласува дека се исполнети долгогодишните препораки од КПТ за професионално управување со затворскиот систем што се состои од јасна хиерархија помеѓу администрацијата на затворот и директорите на затворите, јасен тек за управување и воспоставување одржлив систем за обука на персоналот и донесување јасни антикорупциски мерки се со „срамежлив“ развој. Ова особено се однесуваат на малото зголемување на ефективите на персоналот во затворот Идризово, подобри плати и работни права за вработените во затворот и поредовни безбедносни проверки и контроли на затворските службеници што влегуваат во затворските установи.

Понатаму, КПТ при посетите, повторно слушна обвинувањата за физичко малтретирање на осомничените за криминал од страна на полициски службеници и инспектори за време на неговата посета, која главно се состои од шлаканици, удари, клоци и удари со палки или други предмети (вклучително и рачни уреди за електрошок и токи-токи), кои наводно, се нанесени во контекст на приведување откако осомничениот бил ставен под контрола или внатре во полициска установа заради очигледно извлекување признание.

КПТ ги повикува властите енергично да ги истражат сите средства за да се осигурат дека пораката за нула толеранција на лошо постапување со притворените лица ќе стигне до службените лица за спроведување на законот на сите нивоа. Понатаму, властите се повикани да ги зајакнат истражните способности на специјализираниот тим на обвинители со регрутирање на група независни истражители и да ја зајакнат работата на примената на основните заштитни мерки, така да полициските службеници му посветат должно внимание и примена на релевантно законодавство и стандардно работење процедури.

Во извештајот, Комитетот на Советот на Европа за спречување на тортура и нехуман или понижувачки третман или казна, исто така, се наведени резултатите од состаноците одржани за време на „ад хок посетата“ меѓу поранешниот претседател на КПТ, Микола Гнатовски и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за правда, Бојан Маричиќ, при што премиерот потсети на посветеноста на неговата Влада да осигури дека ќе бидат направени сите напори за спроведување на препораките на Комитетот. Според гледиштето на КПТ, дијалогот со властите на Северна Македонија, кој се заснова на меѓусебна доверба и разбирање, бара „конкретно дејствување“ за спроведување на многу долгогодишни препораки утврдени во извештајот.

затвори комитет КПД „Идризово“. Извештај Македонија Совет на Европа состојба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.